Aларм / Постепената деградација на ИВЗ

Се забрзува деградацијата на единствената исламска верска институција во земјата. Нема веќе таква Институција. Има само една приватна фирма на Сулејман Реџепи околу кого вегетираат неколку негови филијали управувани од луѓе сега веќе корумпирани од него. Многу лошо

/05.08.2015/

Од Aвни САХИТИ

Стотина факти и аргументи објавени досега, зборуваат за тоталното уништување на ИВЗ. Оваа институција според сите факти сега веќе е узурпирана од Сулејман Реџепи и е премината во приватна фирма управувана од семејството Реџепи, со неколку филиали низ неколку градови на Македонија.
Соодветните органи за верификација на овие факти молчат, затоа што се мајстори да го затаат феноменот во противвредност на некој куп денари кои Сулејман Реџепи ги дели безболно од буџетот на ИВЗ издигнат од доброволните придонеси на членовите на исламската вера во земјата.
Молчат и нашите медиуми. Македонските медиуми не се занимаваат веќе со Сулејман Реџепи, затоа што, не сакаат од еден класичен крадец да направат „жртва на славо-македонскиот печат”. Од албанските медиуми (особено портали ) еден дел е корумпиран од Сулејман Реџепи, еден дел воопшто не е заинтересирано за ИВЗ и другиот заинтересиран дел, сличнo на Eфенди Суљо, што одвај чекаат да му дадат поддршка на Сулејман Реџепи - со цел уништување до темел на оваа институција стара над шестотини години.
Всушност, академските личности никогаш ја немаат погледнато со добри очи оваа Институција, особено од времето кога започна да се раководи од Сулејман Реџепи, кој, уште рано се откри како достоен борец на големо албанскиот национализам кој го уништуваше братство-единството, за покасно да се разоткрие, целата шема на шпиунирање: “Жика” - "Жарко" (Сулејман Реџепи) кодош кој работеше за Кире Фузовски "Црниот", еден извежбан УДБ-аш, кој до смрт бил вториот човек во кабинетот на Сулејман Реџепи. Академските личности не сакаат да го расипат душевниот мир издигнат преку националните трибуни кои пристапуваа во раниот албански бекташизам поддржан од сиот западен свет. Наспроти овaa заедница Сулејман Реџепи би изгледал како “пичкиндим”, сличен на тој во Албанија и другиот во Косово, затоа, уште од сам почеток се позиционира во борба против нив при што, симпатијата од запад ја привлече импонирајќи се како отворен борец на “исламскиот радикализам” и на “вехабистите”, заколнатите непријатели на Западот. Впрочем, оваа тиква веќе не му лебди над вода на Сулејман Реџепи, затоа што веќе до сржта е демаскиран. Сега веќе е во сојузништво со овие “џихадисти” и “исисаџии” од кого му е загарантирана украдената титула, под услов да заигра така како што ќе му биде свирен „верскиот ритам“.
Ова не предизвикува некаква вознемиреност, исто како што не предизвикува вознемиреност ни молкот на надворешните субјекти на спроти оваа фуриозна деградација. Вознемирувачко е невестинството на луѓето низ главните позиции на органите и институциите на ИВЗ кои ги примамува Сулејман Реџепи. Сите знаат дека титулата Реисул Улема е украдена од Мула Суло. Сите знаат дека мандатите им се истечени, дека повеќето се начело на институциите благодарение на флагрантното газење на соодветнитe правилнци на ИВЗ. Сите се водат од начелото “штом Сулејман Реџепи го гази Уставот, правилникот, ние зошто да не можеме?!? ”Можно ли е толку нон-шалантно да се однесуваат муфтиите од земјата, деканот и директорите? Сите наоколу зборуваат за една катастрофа што и сезаканува на ИВЗ, а никој не превзема конкретни чекори, дури, секогаш кога ќе ги повика Сулејман Реџепи да се сликаат како „некршлива сила“ наспроти Движењето за реформи во ИВЗ, како педерaсти се редат испред фoтoапаратот.
Ова е тоа што најмногу му требаше на Сулејман Реџепи! Да има околу себе што повеќе совиновници за деградацијата на ИВЗ. Никој да не впери кон друг прст на вина но, сите да бидат виновници. Оваа неморална и ѓаволска намера ja има сфатено многу добро муслиманскиот народ во земјата. Затоа се зборува дека годинешните фитри и зекат (парична помош која се дава во месец Рамазан) доживеале големо фијаско. Кому да се дадат фитрите и зекатот? На Сулејман Реџепи кој издигнал вртоглав капитал и со што ги корумпирал не само муфтиите, деканот и директорите туку корупџијата ја имаме тастазирано и на неколку функционери на партијата на власт. Сега веќе наголемо корупцијата се слева врз Гостиварското муфтинство како и на огранокот на албанската партија на власт која делува во овој град. Функционерите кои произлегуваат од овој огранок целосно се здиплени во портфолиото на Сулејман Реџепи исполнето со потта на муслиманите од земјата. Има ли поголем срам и ужас?
Една е вистина: кој што го допрел вакафот доживеал страшна казна од Господ, дури низ поколенија! Тетовчани многу добро ја разбрале оваа игра на семејството Реџепи при што, оваа година биле најскромните во давањето на фитар и зекат.Односно, го дале низ верниците кои имале потреба.Toa е ислам, а не е ислам образовните верски институции да се оддржуваат со годишните фитри. Овие институции се оддржуваат со средства што се генерираат од недвижното богатство на ИВЗ. Катастрофално било и со Скопското муфтинство, не толку поради турбуленциите кои се осетија во оваа територија, колку поради фактот што, сега веќе и планинските птици знаат дека Сулејман Реџепи има создадено една „гарнитура“ од неписмени и дилетанти во ова муфтинство, со цел, што полесно да оперира со мафиозниот „инвеститор“ кој без никаков страв од Господ навлегол во далавери со вакафот на Скопското муфтиство што се простира во бившиот Скопски Комуналец.
Веќе ништо не го интересира Ефенди Суљо: ни ИВЗ, ни муслиманите од земјата, ни муфтиите, ништо! Сé има однесено во п.м. Под пристисокот на своите бездушни синови, него го интересира само годинешниот хаџ, годинешните курбани – кожи како и почетоците на работите на мафиозниот „инвеститор“, извори овие доволни да му обезбедат живеачка до неговиот последен здив како и на семејството Реџепи. Ова го знаат и органите на ИВЗ, кои изгледа одлучиле да му „простат”, бидејќи се последни активности организирани под негова „власт“. Не сомнено ова „простење“ ќе биде со долг! Ниеден нема да биде амнестиран, дури ниту Азем Еминовски кој секој ден од ИВЗ до своето возило товари десетици кеси со документи од архивот на финансиите. Кражбата ниту може да се прикрие ниту пак да се исплакне. Кражбата пали сé, секого, дури и оние кои се обидуваат да ја гаснат, затоа што пламенот му е од пеколот.