Апсењето на Чауш го усреќи Груевски, но го престраши Сулејман Реџепи! Зошто?

Од затворот во кој што лежи Захир Беќири-Чауш процури информација дека наводно, деновиве Чауш му има пишано на Сулејман Реџепи, заканувајќи му се да не го провоцира со изјави и идиотски муабети инаку јавно ке излегува и ке кажува кои беа валканите работи и цели кои Мола Суљо ги побарал од Захир Беќири-Чауш.

Пишува Хаџи Иса Џавити



Пред извесно време, македонската полиција го има приведено граѓанинот Захир Беќири, познат како Чауш, под обвинение за фалсификување на личните карти и аферата „Фабрика“! Всушност, станува збор за еден од главните соработници на опонентот на Никола Груевски кој веќе е во неповратна офанзива. Груевски го има избрано методот на „кастрење на гранките“, затворајќи му ги соработниците кои на некој начин се „сивата еминенца“ на СДСМ, мислејќи дека оваа партија многу ке ја ослабни!

Зачудувачки, на ова апсење најмногу попмозност и пламен му дадоа Сулејман Реџепи т.н. Мола Суљо, узурпаторот на ИВЗ кој веќе истата ја има претворено во приватна фирма, во праг на фалименација, како и екс министерот за правда Блерим Беџети. Во ресторантот „Мираколи“ на влезот во Сарај, се слушнале како разговараат и го слават апсењето на Чауш кој според Блерим Беџети, е главниот распределувач и дистрибутер на прислушкувањата кои сега се користат од Заев како „бомби“ против коалицијата ВМРО-ДУИ и кои им ги има дадено на неколкумина клучни фактори во Косово и Албанија! Сепак, во моментот кога се пројавија неколку дилеми околу можноста на поседување на прислушувањата од страна на Чауш, наеднаш се зацврсти убедувањето дека човекот е затворен поради фалсификување на патните документи на турските државјани. А со таквите граѓани кој повеќе се занимава отколку што самиот Сулејман Реџепи?

Деновиве, непотребно, без никој да побара и без никој да го подбуцне, се појавува Мола Суљо со јавно соопштение негирајќи секаков вид врска и познанство со граѓанинот на Македонија, Захир Беќири-Чауш! Кој му го побара ова соопштение? Но, зошто со вакво ургенто негирање од страна на Мола Суљо? Што го плаши познавањето со Чауш? Да не се плаши Мола Суљо дека би можел да заврши во истата ќелија со Чауш? Не, ја нема таа чест!

Една е вистина! Захир Беќири-Чауш прв пат бил во канцеларијата на Сулејман Реџепи, заедно со еден командант на ОНА на албанците од Македонија, кој, толку многу го засакал Чауш што веднаш наредил да се вклучи во редовите на раководните тела на органите на ИВЗ. На почеток бил во раководството на новоформираната ХО Хилал! Потоа, самиот Мола Суљо дал наредба да му се даде налог на неколку странски јазици за да ја претстави ИВЗ и да собере што повеќе донации за ИВЗ, насекаде по светот. Се зборува дека од Чауш побарал да изврши и некои валкани работи притоа да го вклучи и самиот Мола Суљо во работите во кои ќарот би бил со опашка!

Захир Беќири-Чауш, сепак, има извршено многу важни работи за исламот. Работеше во реновирањето на Скопското муфтиство, преку странските донации кои самиот ги обезбедил, имаше интервенирано како во дворот така и во самиот објект, во вредност од 30 илјади евра со цел Скопското Муфтиство да добие репрезентативен објект. Оваа заслуга не може да му ја негира Сулејман Реџепи бидејќи, токму оваа заслуга го разоткрива Мола Суљо кога вели дека никогаш не го запознал и не знае кој е „овој си Захир Беќири-Чауш“, иако, за почит кон делата и придонесот на Чауш, Сулејман Реџепи го има декорирано неговиот родител, покојниот Сокол Беќири!

Значи, има мноштво докази и аргументи кои зборат за блиско пријателство и блиска соработка помеѓу Сулејман Реџепи и Захир Беќири, па што ако Мола Суљо го негира сето тоа. Мола Суљо кој себеси се смета за водач на муслиманите во земјата, би било добро да го возвишеше гласот против малтретирањата кои ги доживеа неговиот пријател Чауш и неговите роднини кои беа приведени од страна на полицијата и институциите на режимот на Груевски. Имало десетина случаи целосно монтирани, судски процеси против кои го имаа кренато гласот илјадници граѓани од земјата, но Мола Суљо трајно остана замолчен! Зачудувачки, во случајот со Чауш, тој оцени дека имаше потреба од негирање на пријателството и соработката!

Од затворот во кој што лежи Захир Беќири-Чауш процури информација дека наводно, деновиве Чауш му има пишано на Сулејман Реџепи, заканувајќи му се да не го провоцира со изјави и идиотски муабети инаку јавно ке излегува и ке кажува кои беа валканите работи и цели кои Мола Суљо ги побарал од Захир Беќири-Чауш.

Во ИВЗ велат дека оваа закана на Захир Беќири го има целосно дестабилизирано Сулејман Реџепи. Ништо не се знае за какви валкани работи на Мола Суљо станува збор, но, едно е сигурно, најверојатно еден ден Захир Беќири ќе излезе од затвор со сите вистини околу Сулејман Реџепи, т.н Мола Суљо, узурпаторот на ИВЗ кое веќе ја има претворено во приватна фирма која е пред фалиментација.

/30.12.2015/