Разговаравме со генералниот секретар на Исламската верска заедница околу неодамнешните немили настани. Господинот Африм Тахири ја потврди немилата случка во скопското муфтивство кога реисот, 69 годишниот Сулјеман Реџепи со погрдни и простачки зборови се однесувал на еден културен настан и при тоа за малку не дошло и до физички напад од него и неговиот шура инаку шофер на реисот. Скопскиот муфтија бил видно револтиран од постапките на реисот и побарал наградите да ги додели секретарот на ИВЗ кој тоа и го сторил за да се спаси манифестацијата, на тоа исто бурно реагирал реисот и барал од неговиот шура физички да ја спречи манифестацијата.
Денес бевме сведоци нa соопштението на Скопското муфтиство и истото го објавивме. Нови моменти се дека секретарот на реисатот изјави дека од 2011 година реисот но и тој како секретар се нелигитимни претставници на ИВЗ, само 7 муфтии кои се избрани по новиот закон се легитимни претставници на исламската верска заедница а другите го кршат законот со тоа што ги завземаат позициите.
Генералниот секретар го повикува реисот да престане со небулозите и заканите и под итно да си поднесе оставка за да се отвори пат за легитимен избор за нов реис.
/narodenglas.com/
29.04.2015