ЕДЕН СЕЛЈАК РЕИС СЛИЧЕН НА МYЛА СУЉО

Една личност, со многу малку гордост, со многу малку граѓанство, од поодамна ќе заминеше од ИВЗ и ќе се затвораше во собата на осаменоста од која немаше да излезе се до негово испраќање ва другиот свет. Барем само еден процент од опозитаризмот против Сулејман Реџепи, да доживееше еден човек со малку граѓанство, ќе се предаваше и ќе си заминеше надвор од јавната сцена, бидејќи на една личност со изразено граѓанство многу по свето му е неговата личност, кое му е дар од самиот Господ, отколку кариерата која знае да те претвори во нечовек и како таков во непријател на Створителот.

Пишува Валбона Фазлиу, (PhD кандидат на Факултетот на Социјалните науки во ТУ)



Да претпоставиме дека утре или задутре Сулејман Реџепи завршува со „реисмот“, дали би можеле да знаете што би се случило со него! Би рекле дека би се пензионирал! Да претпоставиме дека сеуште е млад и дека може и понатаму да е активен? Во таков случај дали би можеле да го замислите Мола Суља како оџа, како имам, како професор, или како обичен службеник на ИВЗ? Никогаш! Од перспективата на некој работодавец би се спречила ангажираноста на Мола Суља затоа што како прво тој е без соодветно образование, и второ се докажал за неписмен кој достигнал во својата кариера само до степен на демагог. Еден ваков карактер би се отфрлил од секој работодавец. Додека, посматрајќи од перспективата на Сулејман Реџепи, неговото повторно вработување никогаш не би се случило, бидејќи тој е доволно свесен за тоа каков селјак си е, доживотно би останал неангажиран. Во самата логика на селјакот е тоа дека, кога ти се пружа можноста, зграбни ја и цврсто држи ја, се додека ја имаш силата, во спротивно, ако ја спуштиш и

ако ти избега-остана со празни раце доживотно. Ова многу добро му е познато на Сулејман Реџепи, затоа е во состојба да проголта секаков вид на кампања, секакви обвиненија, секакви документирани афери, и да остане во позиција се додека не го сменат со силата на законот! Една личност, со многу малку гордост, со многу малку граѓанство одамна ќе заминеше од ИВЗ и ќе се затвораше во собата на осаменоста од која немаше да излезе се до негово испраќање во другиот свет.. Барем само еден процент од опозитаризмот против Мула Суљо, да доживееше еден човек со малку граѓанство, ќе се предаваше и ќе си заминеше надвор од јавната сцена, бидејќи на една личност со изразено граѓанство многу по свето му е неговата личност, кое му е дар од самиот Господ, отколку кариерата која знае да те претвори во нечовек и како таков во непријател на Створителот. Тука завршува потребата од соработка со еден таков селјак како Сулејман Реџепи, било тоа дури и со незаслужената титула „реис“!

Денес Сулејман Реџепи е единствената „личност“ омразена од сите четири страни на светот, било

игнориран, маргинализиран или подвлечен со црвено со кого нема соработка, контакти и ипружање рака , било тоа да е и само формално!

Сулејман Реџепи е единствената „личност“ ,ако сакате албанец, кој е одбивиен од сите албански субјекти, било тоа политички, верски и државни, со исклучок на тие субјекти кои ги има корумпирано, било тоа да е Илир Мета или некој со мисловна и професионална „мана“ кој себеси се нарекува сопственик на медиум!

Сулејман Реџепи се отфрла и не се поканува во ниту еден форум, во ниту еден конгрес или конференција организирана од страна на нејзините сестрински подружници во Албанија или во Косово. Сулејман Реџепи е единствена личност кој иако може да биде поканет во некој настан, воопшто не се цени дури и се игнорира.

Сулејман Реџепи е единствената личност со „титула“ која има толку обвиненија, обвиненија кои

чекаат во полиците на обвинителите и чекаат знак за нивно активирање, обвиненија кои ја подбуцнуваат желбата за самоубиство а не само за поместување на задницата од незаслужената фотелја во еден стол со една нога!

Сулејман Реџепи е единствената личност кој во текот на целата своја кариера бил перцептиран повеќе како шпиун и полицаец отколку како теолог!

Сулејман Реџепи е единствениот теолог во светот кој оџалакот го сфатил како можност за збогатување, како можност да ограби и крадење со цел создавање на неимагинарните палати од логиката на селјакот!

На меѓународното поле, Сулејман Реџепи е единствената личност, кој иако некогаш вклучен во многу форуми и на водење на истите, целосно е исфрлен и изолиран. Тој е единствената личност чие евентуално присуство во некој форум не претставува никакво задоволство ни почит.

Сулејман Реџепи е единствената личност која и дење и ноќе има работено против дипломатскиот кор, дење и ноќе ги има излажано и манипулирано за на крај да доживее целосна изолација од нив. Исламската Верска Заедница до пред две години беше субјект со најмногу меѓународни пријатели во Македонија, додека денес е субјект со нула меѓународни пријатели. ИВЗ веќе не се посетува од ниту еден дипломат, иако до пред две години беше нивна најважна станица. ИВЗ е единствената институција во земјата што ја одбива готовноста на меѓународниците за евентуална средба, бидејќи таа нивна готовност ја конципира како провокација, како обид на меѓународниците да го омаловажуваат Сулејман Реџепи. Параноичен страв од еден криминалец кој спасот го гледа во високите позиции, навика на корумпираните општества!

Мола Суља е единствениот човек во светот кому му е крив сиот свет, единствениот човек во светот кој „со око што не трепери“ е во состојба да ги обвини сите, целиот свет, за актуелната бедна положба на ИВЗ !

Но, дали е спремен Сулејман Реџепи да одговори на овие прашања:

– Зошто финансиски неговото ИВЗ е на стечајна положба. како никогаш порано во нејзината историја?

– Зошто Турција одбива да ја продолжи традицијата на помош кон ИВЗ, како на пример, државните институции на Турција веќе не прифаќаат да ги донираат вакцините за хаџилак?

– Зошто Саудиска Арабија не ни сака да чуе дека не е право да бидат запоставени муслиманите од Македонија ппоради глупостите на Мола Суљо и да не бидат во можност фамилијарно да ја доживеат радоста на патувањето за во хаџилак.

Сулејман Реџепи има наредено да се регистрираат хаџиите од 2018 година, иако нема потпишано договор, иако нема вакцина, иако нема одредено квота за хаџиите од Македонија, иако нема средства за резервирање на хотели, храна, државни даноци и други трошоци неопходни за

обезбедување влез во системот за аплицирање за во Хаџилак 2018 (овие процедури муслиманите од регионот и од светот ги имаат завршено уште пред два три месеци)!

Или – дали е во состојба да сведочи кој е записникот што потврдува за процедурата на неговиот реизбор за реис?

Или – дали е во состојба да каже зошто пати од комплексот на декоратоманија, ако не е за да ја камуфлира вистината за неговаа кариера како полицаец и удбаш?

Или – дали е во состојба да каже зошто е единствениот човек во светот кој нема пријател, другар, нема ниту еден соработник од неговата генерација, нема ниту еден соработник избран според нормалните правилници и процедури на ИВЗ?

Менталитетот на еден таков селјак како овој на Мола Суљо не може да ги надмине границите на селанштво, затоа и, ова селјаштво ја аргумертира и демонстрира над сите оние кои сеуште се

осеќаат зависни од него. Дали сте виделе каде им ја организира матурската вечер на медресантите? Во неговиот КОНАК, во едно рурално место, нелегитимно, узурпирано од едно „полициско право“, забиено во едно ќоше во кое би одбивале да влезат и ранетите лисици! Локација слична на валкан кокошки котец– тоа е средината во која може да дејствува еден селјак како Мола Суљо!

За жал Мола Суљо започнал да се смета како огледало на муслиманите на Македонија кое го рефлектира сето селанство на албанците и муслиманите на Македонија. Светот со цивилизациски вредности не јазамислува средбата со секој граѓанин од еден народ со цел создавање правилна перцепција за тој народ, туку ова го достигнува преку контактите со лидерите на тој народi. И, наеднаш констатира-каков лидер таков народ ! Бетонирана перцепција на мегународниците за муслиманите во Македонија , иако целосно погрешен, бидејќи муслиманите од Македонија немаат ниту еден заеднички елемент со Мола Суљо. Напротив, тие се побожни, бидејќи ја

почитуваат институцијата на ИВЗ, и, за овој почит би биле во состојба да трпат и една дива свиња.

/dokaz/
17.05.2018