Зоран Божиновски: СУЉО ЏИП ЧИРОКИ ТРАНЗИТ ХАЈТ МОРЕ ХАЈТ!




фб статус


,,Поради основано сомневање дека сторил три кривични дела “Злоупотреба на службена положба и овластување„ по член 353 став 3 в.в. со став 1 од КЗ и едно кривично дело Примање поткуп по член 357 став 5 в.в. став 3, в.в. со став 1 од КЗ до Основно Јавно Обвинителство Скопје, на 24.02.2016 беше поднесена КРИВИЧНА ПРИЈАВА против Сулејман Реџепи.




Овој пат ќе се задржиме само на една од точките за кои се товари Сулејман Реџепи – Претседател на Исламска Верска Заедница на РМ, кој искористувајќи ја својата службена положба и овластување, со пречекорување, на границите на своето службено овластување, спротивно на Уставот на Исламската Верска Заедница, овозможил располагање со подвижен имот и тоа:


– возило ПМВ ЏИП GRAND CHEROKEE со број на шасија 1Ј4WB843YY108846 desel,


– TMB H1 FORD TRANZIT со ид.број WF0VXXGBFV ZE46959,




Возилата беа увезени како донација за ИВЗ на РМ, преку Хуманитарна организација на ИВЗ на РМ, ХИЛАЛ, и одговорното лице Мустафа Даути, а донирани од лицето Сулејман Саран Мутлуџан во периодот 2012 – 2013 година. Поглаварот Сулејман Реџепи, и ако знаеле дека донациите во корист на ИВЗ во РМ, морат да се регистрираа на име на ИВЗ во РМ и истите не смеат да се отуѓуваат во период од 5 години, дозволил да се регистрират, односно да се продават на приватни лица, со што предизвикал поголема имотна штета на ИВЗ на РМ.


Кон средината на мај 2014, за ваквото работење на Пријавениот Сулејман Реџхепи, како Претседател на ИВЗ на РМ и потписник на Хуманитарна Организација Хилал, на неколку наврати во текот на 2014 год. бил опоменуван од страна на поранешниот генерален секретар на ИВЗ Африм Тахири кој незадоволен од односот на Поглаварот Реџепи на 28.06.2014 год. Си поднесува оставка.


Според наши сознаниа, Поглаварот Реџепи охрабрен од заштитата од нашето судство, во последниве години, спротивно на законите, отуѓувал уште неколку други возила на ИВЗ, па така денеска истите ги возат неговите синови и луѓе блиски со нив.


Во прилог го имате линкот од интервјуто со турскиот граѓанин Сулејман Саран Мутлуџан, објавен во 2017 год.,,


Сулејман Мутлуџан, уметникот поради кој беше детронизирана Исламската Верска Заедница во Република Македонија