Платформа на Движењето на Муслиманите во Македонија за Реформи во ИВЗ

Ние, група службеници во ИВЗ на РМ, несомнено сме убедени дека оваа Институција многу години, дури уште од нејзиното основање, сега, како и пред шестотини години уназад, била единствената Институција којa се грижела не само за судбината на муслиманите во земјата туку и за развојот на исламскиот верски живот во неа. Правната Ханефитска школа, на кое припаѓаат апсолутно сите муслимани на Македонија, помогнало во зачувувањето на националниот и културниот идентитет на муслиманите од ова поднебје. Нормално, функционирањето на оваа верска институција се основало исклучиво во основните исламски извори: во Светиот Куран и во праксата на нашиот Посланик, Мухамед а.с., но и во правните внатрешни норми како и во правилниците кои овозможиле институционален и професионален развој на исламскиот верски живот. Искуството докажало дека колку поблиску била до муслиманскиот народ толку подобро ја извршила својата мисија, како во османлискиот период така и за време на атеистички-комунистичкиот систем, но и за време на овие години од политичкиот плуларизам во нашата земја. Во моментот кога скршнало од севкупните интереси на народот, во тој миг имало незадоволство, избув на револт дури и негирање на оваа верска Институција. Во овој аргумент се заснова и нашиот револт, нашиот ангажман за една длабока реформа во ИВЗ, која криминализирана, навлезена во криминал и корупција, во ограбување и непотизам, е далеку од тоа да се биде легална институција, легитимна, која функционира професионално и се развива институционално. Во моментот таа е заложник на група луѓе недостојни за службеници на оваа Институција а, камоли да раководат со истата.

Кроењето и имплементирањето на нашата платформа се основа врз начелото: “ИВЗ својата дејност ја основа на: правдина, транспаренција, дебатирања пред донесувањето на одлуките во колективните органи, консултирања при вршење на должностите, при избори, именувања, одговорности и разрешувања на функционери... кои, поаѓајќи од Реисот па се до муезинот би можеле да бидат повлечени и разрешени ако од органите и институциите на ИВЗ се констатира дека: не ги извршува должностите за кои е избран, именуван, ставот и неговата работа се во спротивност со исламските норми и нормативните акти на ИВЗ, работи против одредбите и одлуките на надлежните органи на ИВЗ, ја злоупотребува позицијата на штета на интересите на ИВЗ, неуспешно ги врши своите задачи и задолженија, неспособност во вршење на својата должност, болест, возраст, смрт или пак самата волја за повлекување” (Уставот на ИВЗ во РМ, Глава1 “Општите одредби”, Член 8,и , Глава 7, “Службениците на ИВЗ”, Член 58.)




ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ИВЗ ВО РМ

Денес функционирањето на ИВЗ е на прагот на тоталниот плурализам. Оваа Институција толку многу е оштетена. Следствено, се деперсонализира и се деформира и секој ден се повеќе се деградира. Уставот, статутите на органите како и сите правилници се газат намерно и без никаков страв. Денес во ИВЗ се чувствува единствено атмосферата на крминиалот, кражбата, ограбувањето, уништувањето, дехуманоста, корупцијата и непотизмот. Органите на оваа Институција како и советите или управните форуми речиси ниту еднаш не се состанале. ИВЗ се претворило во Институција-поединец! Таму, еден човек, како деспот решава за сé и во секое време. Ријасетот, како колективен орган се раководи од лицата со истечен мандат, лица недостојни за да бидат таму, со фалсификатор и со академско звање, луѓе со досиеја, а во меѓувреме, лицето кое ја узурпирал функцијата на Реис, како орган на ИВЗ, се самопрогласил за претседател, при тоа фалсификувајќи го целиот изборен процес на неговиот избор. Колегијалното одлучување преминало во индивидуално. Наместо верските активности, се развиваат целите на мала група узурпатори соодветни за oграбување, крадење и криминализација на колективот. Човечката солидарност екстремно е загушена поради грабливите апетити на поединците, веќе докажани како крадливци и дехуманизатори на ИВЗ. Наместо човечката комуникација денес преовладува ароганцијата и диктатот, наместо топлиот пријателски збор денес во ИВЗ се негува жаргонот преполнет со пцовки од најбаналните.

Деградацијата на ИВЗ од една вековна исламска верска Институција во една организација - поединец, отуѓување на вакафот чекор по чекор, ограбувањето на граѓаните во име на унапредување на исламскиот верски живот во земјата, всушност придонело до големо губење на вербата како и до тотално губење на надежта за една здрава иднина на оваа Институција. Веќе не се знае дали ИВЗ е во служба на народот или пак во служба на олигарcите!

Актуелно во ИВЗ преовладува атмосфера на неверување и состојба на абсурдност, а сето ова како резултат на криминализацијата на оваа Институција и нејзино делегитимирање преку фалсификување на изборите и узурпирање на позициите. Згазени се сите процедури, надминати се сите предвидени рокови во Уставот како и во другите соодветни акти за избор на раководните органи. Затоа и, со право е констатирано дека не само “de fakto” туку и “de jure” денес ИВЗ е без легитимни раководни органи. Обидот за човечки и професионални ресурси e загушен поради бандитското однесување на именувачите на кадар недостоeн за работните места, со фалсификувани дипломи, со сервилно однесување, неморални и недостоинствени. Несомнено, ваква ситуација може да биде создадена само од страна на незaконскиот човек поставен на чело на институцијата, од страна на узурпаторот на функцијата Реис.




НЕДОСТАТОК НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ КАКО И КОНФУЗНОСТА ВО ИВЗ


Недостатокот на програми, проекти, визии како и крајниот аматеризам секој ден се повеќе му наштетува на ИВЗ. Верниците од земјата чувствуваат жед за една вистинска исламска верска активност, муслиманите од земјата не гледаат никаков институционален обид за современ напредок на исламскиот верски живот. Муслиманските граѓани на земјата сведоци се на една неправедна игра која се води во личен интерес на човекот кој претендира дека е претседател на оваа Институција и на штета на правната Ханефитска школа. Сите тие кои ги сметал за непријатели на исламот, против кои водел невидена кампања досега, денес ги има институционализирано давајќи им функции, задачи и конкретни ангажмани. Оваа игра и не само оваа, влијаеле денес ИВЗ да биде занемарена и да остане во маргините на меѓународниот фактор. Денес ИВЗ од релевантна Институција е конципирана како опасна „организација“.

Денес во ИВЗ на РМ за «верување» и за «вера» се земаат само ноншалантните и психопатските наредби на еден фалсификатор на изборниот процес кој веќе има создадено еден персонал колку за да го поддржи во сите кривични дела кои ги врши секој ден се повеќе.

Една институција која цели да развива професионален живот со полно активности, достојни за една вековна верска институција, анализира и носи заклучоци не само за работата која ја вршат нејзините органи и институции туку, и за перспективите на овој верски живот како и на нејзините верници.

Една институција која цели да развива професионален живот се консултира и го зема предвид академското мислење на ерудитите во и надвор од земјата. Врз оваа основа крои платформи, ставови и одлуки околу појавите и разните феномени со кои нашето општество се соочува од ден на ден, жалосно, неподготвено, неупатено и нераководено од луѓе со адекватен карактер и со сите карактеристики.

Една верска институција која претендира дека за основа има достојна програма за доброто на ова општество, освен што треба да биде многу транспарентна треба да биде достојна и подготвена да прифаќа предлози и критики од најразните кои би влијаеле во избегнување на грешките, во квалитативно подобрување на раководење на институцијата; да дејствува на организиран начин и со многу волја во избегнување на грешките и нивно корегирање, пријавува и војува секаков обид за кражба и корупција во институцијата; тие што крадат, што се коруптират и кои коруптираат ги оттргнува без двоумење од работните места на оваа Институција. Бара од сите раководни органи егзактно да го имплементираат и да го реализираат секое ветување од нивните програми. На овој начин една функционална институција би можела да им служи на своите верници, на општата благосостојба, постанувајќи модел за тоа како се придонесува за земјата и општеството. Актуелната ситуација, срамните резултати, коруптивните и криминалните политики на ИВЗ узурпирана од страна на еден нелегитимен претседател од 2011 година па се до денес, сведочат за неоспорени докази дека една нефункционална ИВЗ, опколена од криминалот, корупцијата, кражбата и непотизмот, скршнало не само од уставните и статутарните одредби туку и од основните начела на исламското верување.

Секој индивидуален или групен обид да се излезе во пресрет на оваа срамна пракса на денешната ИВЗ, ги плаши само оние лица кои ја користеле ИВЗ за лична власт и нелегитимно збогатување. Токму овaа сорта го интересира една нефункционална ИВЗ, парализирана, без идентитет, ИВЗ која ја изумрела институцијата на одговорноста и која го стимулира самоуништувањето надевајќи се во снемување на сите траги на една неморална игра која се води од денот на узурпирање на оваа Институција а кое продолжува до ден денес.




ДВИЖЕЊЕ НА МУСЛИМАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА РЕФОРМИ ВО ИВЗ (ДМР)

ИВЗ е многувековна верска Институција во РМ. Благодарение на побожноста и оданоста на верниците како и на претходните раководители на оваа Институција, ИВЗ опстојувала над сите окупатори, авторитети, деспоти и системи. ИВЗ несомнено дека е националнo и верско богатство, значи, тоа е човечко богатство, затоа, како и секое друго скапоцено богатство, треба да се чува од секој обид за нејзино рушење и уништување. Нејзината историска мисија ја направи нескршлива и ако поминала низ рацете на поединци слични на денешните, со конкретен план и проект, преку крадење и ограбување, преку непотизмот и персонализација, се до нејзино искоренување од површината на земјата. Нашата мисија е да ја браниме со целото наше битие од оваа група олигарси кои намераваат отуѓување и злоупотреба на ИВЗ.

Никогаш не е доцна, секоја личност и општествена групација, секој што увидува како се злоупотребува ИВЗ од страна на лица опасни за верата, нацијата и општеството, да се ангажира да се воспостави редот, уставноста и институционалната активност во ИВЗ. Ние, група релевантни поединци во оваа институција, во моментот кога увидовме дека некој наместува проекти и игри за да го упропасти што е можно полошо овој свет аманет за муслиманите во земјата, одлучивме да им се спротивставиме и по секоја цена да го војуваме овој обид против ИВЗ. Овој наш ангажман ние го нарековме “Движење на Муслиманите во Македонија за Реформи во ИВЗ на РМ”.




ОБЈЕКТИВИТЕ НА ДМР
 


Oбјективите на нашето ДМР се:

Функционалноста на ИВЗ и нејзино професионализирање базирајќи се во Уставот како и во другите акти на нејзините органи и институции. Враќањето на довербата на муслиманите во ИВЗ и создавање на предусловите ИВЗ да биде прифатена како нивна институција, со посебен нагласок за муслиманите од националностите кои се сметаат за малцинства. Враќањето на солидарноста и институционалниот дух во ИВЗ, оживување на надежда и на вербата во ИВЗ при тоа враќајќи му ја вредноста на релевантен фактор во општеството и во земјата.

Зачувување на идентитетот и историските вредности на ИВЗ од секаква деформација што може да се направи во име на верата, кое ја загрозува верската природа на оваа Институција.




ЦЕЛТА НА ДМР

Јакнење на институциите на ИВЗ, нејзино професионализирање и избегнување секаков обид да се претвори во едноставно здружение и под сопственост на група олигарси докажани склони за давалвација, дефакторизација и уништување на оваа Институција.

Расчешлување на секторот за финансии, преку професионални и државни ревизори, како и изнесување испред правдата на сите финасниски злоупотребувачи кои го земале и ограбиле имотот и светото богатство на ИВЗ. Создавање на механизмите за економски развој со издржлив пораст, кои би овозможиле верски и хумани активности, развој на верскиот живот како и оживување и длабоко негување на чувството на солидарност, како што ни порачува Светиот Куран и Хадисот на нашиот Посланик, Мухамед а.с. Враќањето на институционалната вредност пред очите на меѓународниот фактор како и заслужено позиционирање во сите меѓународни конференции и здруженија со исламски верски карактер каде што има пристапено до денес ИВЗ.

Одржување на верските објекти, оспособување на човечките ресурси како и професионално оспособување на ИВЗ со цел достоинствено служење на сите муслимани во земјата но и на нашата дијаспора.

Реализација на сите ветувања и цели предвидени преку програмите на професионаллните конкуренти за да се завземат раководни места по целосната реформација на ИВЗ. Сите лица од раководните функции кои нема да постигнат да го реализираат тоа што го ветуваат ќе бидат разрешени преку анализа на резултатите кои ќе бидат спроведени секоја година од надлежните органи на ИВЗ. Редимензионирањето на мерките за адекватно вработување на стручен кадар, борба против меѓуетничка дискриминација, борба против корупцијата, непотизмот, оживување на хуманизмот, добротворството, организација и професионален пристап во развојот и извршувањето на секаква верска акција или активност. Развој на издавачката дејност.

Бескомпромисна поддршка и перманентно залагање во борбата против корупцијата и опколеноста на ИВЗ од олигарсите и бескрупулозните лица кои својата активност ја кријат под исламската верска наметка. Група поединци, некои збогатени од долгогодишното крадење во ИВЗ, некои злоупотребувачи на високите функции во оваа Институција, злоупотребувајќи ги средствата дури и за коруптирање на правните органи во земјата, кои веќе, во нивни раце ја имаат превземено сета одлучност, без да почитуваат никакава процедура или соодветен орган на ИВЗ, носат одлуки кои тешко му наштетуваат не само на ИВЗ туку и на муслиманското општество во земјата. Затоа, со процесот на реформација над се се подразбира и декриминализација и некрадливост на ИВЗ, но не и амнестија или опростување на сите тие крадливци кои ги валкале длабоко рацете во финансиите на ИВЗ. Затоа, Муслиманското Движење за Реформи во ИВЗ, штом ќе и се даде можност “de jure”, ќе започне и законскa иницијатива за верификација и објава на материјалното и монетарното богатство на секој актуелен олигарх на ИВЗ како и на иницијаторите за реформи. Овој процес би се затворил со доставување на овие настани на суд, со цел озаконување на запленот на незаконито богатство и казнување според закон на секој што злоупотребувал, било тоа да се узурпатори на позициите или реформисти.

Основањето на разни здруженија како што се здруженијата на младите муслимани, на муслиманските жени, на хафизите, на синдикатот на оџите идр. би ја зголемила можноста за учество во одлучување на една што поширока гама на муслиманите во земјата. Со ова би дошло до израз и демократскиот лик на ИВЗ а воедно би се избегнала секаква можност од опасноста за оживување или реактивирање на авторитарниот и диктаторскиот систем на ИВЗ. Со ова би завршило досегашната пракса на олигарсите кои бараа сите да работат и да бидат под задолжителна служба на узурпаторот на функцијата на Реисот.



ПРЕДЛОЗИТЕ НА ДМР ЗА ПРОМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ ВО УСТАВОТ НА ИВЗ 


Ние предлагаме во уставот на ИВЗ, да се направат некои измени и дополнувања во насока на професионално функсионирање на оваа Институција:

Нема доживотна функција на чело на ИВЗ.

Функцијата на Реисот е симбол на соединство, тоа е душевна функција а не административна.

Со овој Устав се одредуваат инструментите кои гарантираат “Професионално и функционално ИВЗ”:

а – Недоверба за сите раководни органи на органите и институциите на ИВЗ. Недоверба може да покренат сите раководни органи за секој раководен орган на ИВЗ.

б – Педесет и еден проценти од муфтииве на ИВЗ имаат право да иницираат референдум за недовербаили разрешување на кој било раководен орган.

Отпуштање од сите органи и институции на ИВЗ но и од претставителните функции на инкриминираните, корпутираните и олигархите.

Отпуштање од ИВЗ и од претставителните функции за:

a – носење на одлуки на неколегијален начин;

б – Реисот како орган не може да носи одлуки без да ги почитува одлуките или ставовите на соодветниот колективен орган;

в – непочитување на колегијалното одлучување;

г – манипулација и фалсификација на записниците или гласовите за време на изборниот процес на раководните органи;

д – раководните органи се избираат со тајно гласање а Реисот го дава декретот по нивниот избор и верификацијата на изборниот процес;

Со овој Устав се определува работата на архивот на ИВЗ, на архивирањето на секој документ или на формално или службено писмо што влегува или излегува од ИВЗ; архивирање на секој проект, на документите пред, за време на одвивање и по завршување на проектот.




ПАТОТ НА НАШЕТО ДЕЈСТВУВАЊЕ ЗА РЕФОРМИ

Започнатиот пат за реформи во ИВЗ совпаѓа со времето на оставката на Генералниот Секретар од ИВЗ, како резултат на информацијата за огромни кражби во ИВЗ а со знаење на самиот узурпатор на функцијата Реис. Истражувањето и подлабоката анализа ни даде за право да бидеме перманентни и упорни во нашето барање за сеопфатни реформи во ИВЗ.

Избегнувањето или бегањето од неопходните реформи не може да се направи само со едно површинско „реформатирање“ на Ријасетот или со два-три манипулативни и нелегитимни состаноци на овој Ријасет, состаноци кои беа организирани со цел подвлекување на констатацијата дека Ријасетот и понатаму продолжува да биде контролиран и манипулиран од страна на узурпаторот на функцијата Реис на ИВЗ. Ниту со медиумските кампањи дебело платени од буџетот на ИВЗ собран од фитрите, зекатот и придонесите на муслиманите од земјата за развојот на исламскиот верски живот.

Лицето на Ријасетот не може да се исчисти преку тенденциозните медиумски кампањи, или преку медиумските површински состаноци, туку преку сеопфатните дебати, сé до елиминирање на секаков сомнеж или евентуална шпекулација. Затоа, овие случајни состаноци на Ријасетот не може да бидат акти на транспаренција или на показател дека во ИВЗ сé е во ред, туку тоа се акти само за да ја потврдат фалсификуваната легитимност и криминалниот тек на незаконските активности на узурпаторот на функцијата Реис. Состаноците на највисоките органи се одржуваат за да се носат значајни одлуки и ставови а, не за да се протурка во незаконскиот пат еден орган носител на исламскиот верски живот во земјата.

За каков состанок денес има потреба Ријасетот?

Ријасетот денес има потреба за еден состанок каде што:

Ќе се вкрстат проблемите, фактите и идеите, предлозите се до постигнување на завршетокот преку заклучоците кои ќе бележат нова етапа за развојот на исламскиот верски живот во земјата.

Состанокот треба да биде транспарентен и отворен за јавноста како и за сите медиуми во земјата а не само за медиумите корумпирани од буџетот на ИВЗ.

На состанокот треба да се анализираат одговорностите на дискутабилните лица, треба да се анализираат доказите и аргументите но и реализираните активности кои произлегуваат од платформите на раководните органи.

Верниците од земјата но и тие од нашата дијаспора имаат потполно право да се запознаат не само со проектите и платформите на раководните органи,туку, и со наградните или казнените мерки за реализирање или нереализирање на истите. Тоа е функционалната ИВЗ!

Состанокот на Ријасетот треба да известува за постигнувањата за време на овој мандат и ако узурпиран на актуелниот „претседател“. Треба да сведочи или да демантира за сите тие информации кои циркулираа за конкретните лица кои сочинуваат една страшна олигархија на чело на ИВЗ. Треба да сведочи на јавноста во земјата или на дијаспората дека злочинците и крадците, девијантите и манипулаторите немаат место во ИВЗ ниту пак може да бидат дел на раководниот кадар на органите и институциите на ИВЗ. Треба да се објават резултатите на истражувањата, но и наградните или казнените мерки како за заслужните така и за платениците кои манипулираат во име на верата .

Состанокот на Ријасетот треба да создава услови за анализирање на внатрешното организирање и функционирање на ИВЗ. Има ли смисла состанокот на Ријасетот каде што се констатира дека делувањето на вехабистите во земјата е многу опасно, а носителите на овие опасни вехабиски активности дејствуваат низ институциите на ИВЗ, без никаков проблем дури и се привилегираат!

На состанокот се прави тромесечна, шестомесечна анализа, годишна и мандатска, на еден функционер, на еден раководител, кој треба да даде отчет за истекот или застојот на раководните работи. Врз основа на овие анализи се предлагаат разни мерки, сé до разрешување од раководната функција или до унапредување.

ИВЗ, нејзините органи и институции имаат потреба од такви состаноци, а не за состаноци во кои би се легитимирал криминалот и крадењето на ИВЗ.

Муслиманите од земјата и тие од дијаспората, во никој случај не може да бидат принудени да поверуваат во состаноците организирани од узурпаторот на функцијата претседател на ИВЗ, секој пат кога има потреба да ја легитимира својата незаконска дејност.



ОРГАНИЗИРАЊЕТО И АГЕНДА НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Дејноста на ДМР е во потполна транспарентност за домашната и странската јавност. Сметајќи се себеси за противник на многу опасните олигарси кои во моментот ја зафатиле ИВЗ, ДМР има отворени средби со џематот, имамите и другите фактори на ИВЗ, ги следи процесите покренати во судскиот систем и инсистира на функционирање на владеењето на правото. Движењето ќе биде уште по активна преку социјалните мрежи и на секој друг начин што овозможува комуницирање и размена на вреднувања и идеи. Од ова соговорништво, ПЛАТФОРМАТА на нашето Движење ќе се збогатува и ќе се издигне на нивото на план-делување кое го интегрира мислењето и волјата на мнозинството кое несомнено ќе ни се придружува сé повеќе. Нашето Движење ќе продолжи до целосна реализација на овој план.



reformanebfi@gmail.com