Еф. Ејран Алиоски: ЗА ИВЗ СЕ ПОТРЕБНИ ИТНИ И ВИСТИНСКИ РЕФОРМИ

Ејран еф. Алиоски преку Фејсбук повика на поддршка на Движењето на Муслиманите за Реформи во Исламската Верска Заедница на РМ. 


Фејсбук-статус на еф.Алиоски:

Давам целосна подршка на Движењето на Муслиманите за Реформи во ИВЗ и по овој повод,јавно ги повикувам сите кој сакат да имат по јака верска институција да ни се приклучат и да дават свој придонос.

Движењето на Муслиманите за Реформи во ИВЗ на чело со поранешниот генерален секретар на ИВЗ, има Платформа во која меѓу другото се вели:


"Верниците од земјата чувствуваат жед за една вистинска исламска верска активност, муслиманите од земјата не гледаат никаков институционален обид за современ напредок на исламскиот верски живот. Муслиманските граѓани на земјата сведоци се на една неправедна игра која се води во личен интерес на човекот кој претендира дека е претседател на оваа Институција и на штета на правната Ханефитска школа. Сите тие кои ги сметал за непријатели на исламот, против кои водел невидена кампања досега, денес ги има институционализирано давајќи им функции, задачи и конкретни ангажмани. Оваа игра и не само оваа, влијаеле денес ИВЗ да биде занемарена и да остане во маргините на меѓународниот фактор. Денес ИВЗ од релевантна Институција е конципирана како опасна „организација“."

"Деградацијата на ИВЗ од една вековна исламска верска Институција во една организација - поединец, отуѓување на вакафот чекор по чекор, ограбувањето на граѓаните во име на унапредување на исламскиот верски живот во земјата, всушност придонело до големо губење на вербата како и до тотално губење на надежта за една здрава иднина на оваа Институција. Веќе не се знае дали ИВЗ е во служба на народот или пак во служба на олигарcите!
Актуелно во ИВЗ преовладува атмосфера на неверување и состојба на абсурдност, а сето ова како резултат на криминализацијата на оваа Институција и нејзино делегитимирање преку фалсификување на изборите и узурпирање на позициите. Згазени се сите процедури, надминати се сите предвидени рокови во Уставот како и во другите соодветни акти за избор на раководните органи. Затоа и, со право е констатирано дека не само “de fakto” туку и “de jure” денес ИВЗ е без легитимни раководни органи."