Движењето на Муслиманите за Реформи во ИВЗ на средби со верниците на Пласница

Претседателот на ДМР во ИВЗ, Африм Тахири, во Пласница се сретна со жителите и ги слушна проблемите со коишто тие се соочуваат во релација со ИВЗ, исто така ја претстави Платформата на Движењето.






Тахири на неговиот говор пред верниците во Пласница зборуваше за актуелните катастрофални состојби во Исламската Верска Заедница и истакна дека ќе направи сѐ за да покаже дека само преку вистински реформи во заедницата ќе може да се врати довербата на верниците.
На присутните верници им се обратија и неколку други теолози и имами од Пласница кои беа многу отворени и истакнаа дека се спремни да дават подршка на Движењето на Муслиманите за Реформи во ИВЗ.