Во време кога целиот демократски свет реагира на ваквото сурово убиство на новинарот Кашоги од страна на службите на Саудиска Арабија, реисот на ИВЗ на Македонија Сулејман Реџепи на 17 октомври испраќа писмо на поддршка до кралот на Саудиска Арабија.
„Ваше височество, овие денови слушаме вести дека сaканото големо кралство минува низ тешка ситуација од сплеткари и мразачи кои се собрале да им наштетат на кралството на Саудиска Арабија. Но, семоќниот Алах е најдобар заштитник и во ова нема двоумење, бидејќи Саудиска Арабија е извор на две божји објави, Книгата на Алах и Сунетот на неговит пратеник. Од основањето на кралството од кралот Абдулазиз бин Абдулрахман, Алах да му се смилува, кралството го следи умерениот пат, посебно вашето височество крал Салман бин Абдулазиз и престолонаследникот принцот Мохамед бин Салман, Алах да ги заштити“, пишува Сулејман Реџепи во писмото.
Новинарот Кашоги на 2 октомври влегол во конузлатот на Саудиска Арабија во Турција, но од таму не излегол. Турските служби тврдат дека саудискиот новинар е ликвидиран поради неговиот критичен став кон саудискиот принц.
„Ваше височество, служителу на двете свети џамии, примете ги најдобрите и најскапите честитики од мое име како претседател на Исламската заедница во Репубика Македонија, честитки на муслиманите на нашата земја за доприносот на кралството на Саудиска Арабија предводена од вашето височество, крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд и престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман, Алах да ги заштити, за исламот и муслиманите во сите земји во светот, особено на континуирана поддршка на нашата земја и нашиот народ, голема благодарност до вас“, пишува во писмото на Сулејман ефенди Реџепи до кралот на Саудиска Арабија.
Против ова убиство се крена сиот демократски свет, а Реџепи во името на муслиманите од Македонија дава поддршка на убиството на новинарот Кашоги.
/mkd.mk/
/inbalkan/