Откако му кажавме дека до ИВЗ била поднесена целосна документација дека Џамијата во Лисичани има ново раководство и на жителите им било ветено дека ИВЗ ќе се заложи за решение, кажа – одговор да бараме од господинот Османи кој раководи со кабинетот на Реџепи. Го баравме неколкупати, но не бил таму.
Вчера жителите на Лисичани протестираа пред двесте години старата џамија Абди Бајрактар. Вратата на џамијата е затворена за нив , па принудени се да одат во околните села за верски обичаи. Селаните во август избрале ново раководство и нов имам но стариот не ја дава функцијата. Велат ја злоупотребувал функцијата за лични бизниси и место за интересите на верниците се работело за интересите на политиката.
Според селаните една од причините било албанизација на локалното население со помош на локалната самоуправа во Кичево, раководена од ДУИ. За овој проблем била запознаена и кичевската полиција.
Се чека став и од МВР. Во меѓувреме жителите на Лисичани вчера порачаа, доколку нема слух од власта и ИВЗ, решението ќе го бараат во Турската амбасада во Скопје./alfa.mk/
https://www.youtube.com/watch?v=Q7Asp1IgfHk&feature=youtu.be