Продолжуваат препукувањата за џамијата во кичевско Лисичани



Рушит Миртоски, кој пред камерата на Алфа телевизија кажа дека е новоизбран претседател на џамискиот одбор во џамијата Абди Бајрактар во кичевско Лисичани, ги демантираше тврдењата на Исламската верска заедница, велејќи дека имаат писмени докази кои ги потврдуваат нивните зборови.


Од ИВЗ вчера кажаа дека Миртоски бил нелегитимен претседател и дека со своите изјави повикал на омраза и нетрпение, што според него не е точно, потенцирајќи дека такво нешто започнало уште во октомври 2015 година, кога на подмолен начин бил разрешен стариот џамиски одбор на иницијатива на граѓани од Австрија.

Тој вели дека сакаат да најдат разбира со ИВЗ и дека се спремни отворено да дебатираат. Доколку немало разбирање за решавање на овој проблем ќе ги запознаеле сите домашни и меѓународни организации за човекови права и слободи, како и Амбасадата на Турција.

Интегрален текст од демантот на Рушит Миртоски:

Вистината на виделина за Лисичани

Контра демант на Рушит Миртоски на Врска 0031-01 демант на ИВЗ од 04.01.2019 Објавена на Алфа телевизија

Во демантот на Исламската верска заедница нај експонирано име е името на Рушит Миртоски –претседател на Џамиски одбор во с. Лисичани легитимно и транспарентно избран на ден 05.08.2018 година

Обвиненијата за ширење на омраза кој се наведуваат и врзуваат за моето име се неточни и не водат кон решавање на проблемот.
Прво- Моето барање за мирно примопредавање на клучевите од Џамијата од разрешениот одбор на Новиот избран Џамиски одбор за кој Муфтиството го спори за нелегитимен, не претставува повикување на омраза и нетрпение туку на решавање на проблемот со оџата Енгин Демироски
Сакам да потенцирам уште еднаш дека Новиот Џамиски одбор е избран на ден 05.08.2018 на најтранспарентен начин во присуство на претставници на Полицијата од Кичево бидејќи за тоа беше известена како орган. За овој избор имаме и видео записи.

Ширењето на нетрпение започна уште во октомври 2015 кога на подмолен начин беше разрешен Стариот Џамиски одбор на иницијатива на граѓани од Австрија ,, НУР Џамија,, , со фалсификување на потписи и печат на тамошната Џамија и анкетирање телефонски 03.10.2015 и факсиран во Муфтиство Кичево и тајни избор на нов одбор во с. Лисичани ,,аминуван ,,и режиран од Муфтиство Кичево. И за овој нелегитимен чин има докази.

Соговорниците на Алфа телефизија од протестот 02.01.2019 не се Стари членови на Џамиски одбор како тврди во демант ИВЗ- туку јас нов Председател Рушит Миртоски,Председателот на Месна заедница Авнија Бафтир и граѓанин Ќемаил Сами, како и ново избраниот имам Садан Даутоски

Проблемот е лоциран во Муфтиство Кичево кое сега тврди дека Новиот Џамиски одбор е нелегитимен после 5 месеци молк од изборот иако беше доставена комплетна документација примена со повратница од ИВЗ-Скопје
Јавноста треба да знае дека според Цитираните одредби и членови од Статутот и уставот на Исламска верска заедница за именување на Верски лица Оџи и Џамиски одбори не кореспондираат .

Верските лица според ,,Законот за правна положба на Цркви, верски Заедници и религиозни групи ( член 2 став 2) Оџите ( Имамите) се во духовно единство со Исламската верска заедница и им издава Декрет за вршење на верска служба и други верски активности но тие не се вработени во ИВЗ бидејќи се самовработени вршители на дејност.
Ова значи дека Органот – Џамиски одбор и Оџата го избираат граѓаните а ИВЗ ги потврдува одлуките и почитува вољата на граѓаните.

Од Исламската верска заедница барам да се заложи да го реши проблемот со Проблематичниот разрешен Имам( ОЏА) Енгин Демироски и го испочитува изборот на Садан Даутоски од с. Лисичани Медресант на Иса Бег медресата од Скопје

Разрешувањето на Енгин Демироски од Имам се должи на :

1.Негово не редовно доаѓање на молитвите како Имам

2.Конфронтирање со верниците каде има повеке од 20 активни судски процеси во договор со Муфтиството Кичево- и истото загуби спорови со граѓаните на с. Лисичани

3.70% од верниците на с. Лисичани не одат на молитви во својата Џамија која што тие ја изградиле туку во соседно Челопеци и Кичево заради избегнување на конфронтации

4.Користење и злоупотреба на Петочните молитви преку ХУДБА ( говор) да навредува свои верници како што беше случај со Петочната молитва на ден 04.01.2019 кој што јавно прозивал имиња на верници упатувајќи навреди.

За сето ова наведено е постојоно и континуирано запознато Муфтиството Кичево, кое не презело никакви мерки.

На крајот сакам да најдеме разбирање, со Исламската верска заедница на Р. Македонија,спремен сум отворено да дебатираме и поставиме Вистината на маса на Јавна Дебата со представниците на Муфтиството Кичево ( Муфтија Мурат Хусеини и Ерџан Селими координатор истовремено е и во фамилијарно сродство со Енгин Демироски)

Доколку нема разбирање за решавање на нашиов проблем ке ги запознаеме сите домашни и меѓународни организации за човекови права и слободи,како и Амбасадата на Р. Турција. 
/alfa.mk/

Фотографиите кои ги достави Миртовски: