ИВЗ се обидува да ги демантира тврдењата на верниците

По вчерашниот молк, Исламската верска заедница се огласи околу случувањата во кичевско Лисичани. Жителите на ова село обвинуваат дека локалната џамија Абди Бајрактар се злоупотребува во политички цели, односно за албанизирање на мнозинското турско население.

Од ИВЗ ги демантираат тврдењата на жителите на Лисичани, велејќи дека населението таму е еднонационално и еднојазично, а џамискиот одбор и верскиот службеник се од нивната средина. ИВЗ не гледа таканаречен „инцидент“ во тоа население, велат во демантот на ИВЗ.


Нагласуваме дека на 02,01.2019 во Лисичани имаше протести, џамијата беше затворена и исто така и со затворени врати беа и вратите на Кичевското Муфтиство!