ОЈО отвори случај за Сулејман Реџепи

Основното јавно обвинителство отворило случај по пријава за говор на омраза против поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи. Ова за телевизијата Алфа го потврдиле од Обвинителството. МВР пак, потврди потврди дека Секторот за компјутерски криминал ја прегледал базата на податоци, односно снимката објавена на реисот Реџепи во која споменува „див народ без идентитет“ и целиот случај е процесуиран до надлежното обвинителство.


– ОЈО отвори случај по кривичната пријава за говор на омраза против поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи. Предметот веќе е распределен кај надлежен јавен обвинител кој ги утврдува доказите – потврдиле од ОЈО за Алфа.


Пријавата до поглаварот на Исламската верска заедница ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права.