Сулејман Реџепи повторно не дојде во ОЈО за случаите за говор на омраза

Обвинителката и денеска не го дочека реисот Сулејман Реџепи да одговори на нејзините прашања за говор на омраза. За разлика од минатиот пат кога не се појави на закажаниот распит сега во обвинителството во меѓувреме има уште една нов случај против него за говор на омраза. Освен кривична пријава од Хелсиншки за изјавата во која меѓу другото рекол: „Можете да видите со каква дива животиња народ живееме, затоа немаат идентитет“. Има предистрага и за клетвите што и ги упати на судијката Сузана Дончевска затоа што го впишала во верскиот регистар Скендер Бузаку како негов наследник. 

Официјално оправдание за денешното непојавување до скопското обвинителство Реџепи не испратил но од неговиот кабинет тврдат дека неговиот адвокатот денеска бил во контакт со обвинителството.