Река ја осуди изјавата на Сулејман Реџепи

Кандидатот за претседател Блерим Река во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека вечерва од новинарите во емисијата прв пат ја слушнал изјавата на Сулејман Реџепи дека Македонците се див народ.


-Прв пат ја слушам таа изјава и ако е така, ја осудувам. Ако е таква изјава како што велите, таа е за осудување, рече Река.