Навредите на Сулејман Реџепи заслужуваат осуда (ВИДЕО)


Недозволиво е човек кој стои на чело на ИВЗ и застапува цела верска заедница да предизвикува етничка нетрпеливост во државата. Изјавата на Реисот Сулејман Реџепи во која македонскиот народ го карактеризира како див народ, беспримерно див, па затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат – заслужува осуда, вели првиот човек на Комисијата за односи меѓу верските заедници, Даријан Сотировски. Сепак позитивната работа вели директорот е што неговата изјава не предизвика верска поделеност, туку наиде и на остри осуди и кај верниците муслимани.


Лавината реакции во јавноста предизвика ова однесување на Реисот кој минатиот месец користејќи верски настан и испрати ваква порака. За познавачите на верските случувања, поглаварот на ИВЗ шири верска нетрпеливост и етничка омраза. Велат сега на потег е Јавното обвинителство кое треба да покрене и постапка против Реџепи.


Пред само два дена Реисот на својот профил на фејсбук се пофали со видео од настанот во Арнакија на кое може да се слушне и неговото обраќање и навредата кон македонскиот народ. Церемонијата се случила пред 20-тина дена, а покрај ваквите провакации Реџепи говорел и за минатото на џамијата кој била урната до темел.


Од кабинетот на Реџепи кратко вчера телефонски ни рекоа дека до избори нема да коментираат ништо. Бурно реагираат и од Движењето на муслимани за реформи во ОВЗ. Велат дека Реџепи свесно не дозволил објавување на видеото во која е изнесена ваква содржина на говор на омраза.


Неодамна лично Реисот се закани дека преку 700 џамии ќе реагира кај верниците муслимани дека се дискриминирани, откако се актуелизираше проблемот со минарето на Али пашината џамија во Охрид. /alfa.mk/


https://youtu.be/Tg2YflbWZ6o