Порака до неискрените и дволичните према односот кон ИВЗ

Едно е повеќе од сигурно - заедно со Талат Џафери кој ќе се повлече од функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Шаќир Фетаи исто така „ќе си бега“ од украдената позиција на реис. Првиот заради партискиот пораз, вториот заради учеството во деструктивната афера на ИВЗ! Иако , за жал и двајцата се од Гостивар, првиот нема да може да го спаси вториот од времето што го носи со аферите на Сулејман Реџепи


Од Захир Бекири - ЧАУШ


Што значеше тоа што Талат Џафери испрати „поздрав“ до Мухамет Зеќири-Муки и Зоран Заев да не се мешаат во ИВЗ и да си ги држат рацете што е можно подалеку од оваа Институција!? Дали ова е институција на ДУИ? Не ја претворајте оваа света установа на муслиманите во земјава во банкарска филијала на ДУИ!
Јавно го прашувам Талат Џафери: која македонска партија, или еден Мухамет, или еден Заев, или кој било друг и наштети на Исламската верска заедница повеќе од блискиот пријател на Талат, Сулејман Реџепи, како и целата ДУИ?
Па дури ниту Никола Груевски, најголемиот албанофоб и антимуслиман во регионот, но моќник и сопственик на феудалците на ДУИ, кој беше благословен од Сулејман Реџепи, најголемиот милитант на ДУИ, не и наштети толку многу на Исламската верска заедница колку ДУИ. Во најмала рака, македонските партии што беа на власт постепено се обидуваа да и помогнат на ИВЗ со тоа што го денационализираа вакуфот, кој ДУИ веќе го имаше украдено.
Мухамет Зеќири-Муки никогаш не се мешал во ИВЗ, па дури и тој самиот не памти од кога нема стапнато во оваа установа! Муки отсекогаш имал само една грижа - зошто државните институции (особено оние што се контролирани од ДУИ) се толку корумпирани од Сулејман Реџепи и истите тие му даваат „благослов“ со кој го креваат на ниво на „светски лидер за мир“! Муки побара обвинителството да влезе во ИВЗ, да се вклучат релевантните државни институции и оваа институција да биде добро скенирана. На ставот на заменик претседателот на СДСМ никогаш не му се спротивстави неговиот партиски претседател, Зоран Заев, бидејќи оваа Институција го засега благочестивиот муслиман, а не Заев или уште помалку Талат кој нè претвори во митски церберус на ИВЗ! Муки изрази само исламски чиста загриженост и сите оние кои го критикуваат Муки за оваа заложба, вклучително и Талат Џафери, се најголемите душмани на ИВЗ и причинители за тоталното уништување на оваа установа. Зошто Талат Џафери не дозволува и зошто се плаши од детално скенирање на ИВЗ? Дали неговото име ќе се појави во некаква афера?
Талат Џафери барем знае дека тој не е соодветен да зборува за ИВЗ, затоа што, едноставно тој нејзе не ѝ ни припаѓа. Едноставно, тој е оддалечен милиони километри од пораките што оваа установа ги проследува! Но, ако тргне од позицијата на „болен локалист“, односно ако тргне од тоа дека веќе заврши епохата на Ѓаковците  и дојде епохата на Каменичаните “, (ова беше трка во ерата на Тито), бездруго греши, бидејќи со тоа тој докажува дека е вовлечен во вртлогот на „гостиварскиот клан“ кој смета дека светот дефинитивно треба да се врти околу нив! Ако Талат Џафери смета дека „неговиот реис“, Шаќир Фетаи, не треба да биде малтретиран, еве токму овде го  известувам дека според документите што кружат за него и околу него, нему му е загарантиран затвор, слично како и на Сулејман Реџепи, па дури и ако се преобрати целото „гостиварско лоби“, Шаќир Фетаи со помош на Семоќниот Бог ќе си оди од таа позиција. Не дека Муки го сака ова, или Заев, или Мицковски или некој друг, туку, едноставно, неговата историја и соживотот со Сулејман Реџепи му тежи на плеќи како „мечот на Демокле“, така што ниту Талат Џафери, ниту Али Ахмети, па дури ниту оние насилници што ја узурпираа ИВЗ, овојпат нема да можат да го спасат Шаќир Фетаи. Тоа е завршена приказна, а истата завршува со оваа реченица: Падна Сулејман Реџепи отидоа во бестрага  сите негови соработници!
Талат Џафери, како еден „благочестив муслиман“, треба да побара надлежните државни институции да влезат во ИВЗ и детално да проверат што се случило во оваа институција која е скоро мртва, а не да манифестира „болен локализам“ сè до степен на Коронавирус!
Едно е повеќе од сигурно - заедно со Талат Џафери кој ќе се повлече од функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Шаќир Фетаи исто така „ќе си бега“ од украдената позиција на реис. Првиот заради партискиот пораз, вториот заради учеството во деструктивната афера на ИВЗ! Иако, за жал и двајцата се од Гостивар, првиот нема да може да го спаси вториот од времето што го носи со аферите на Сулејман Реџепи!
Северна Македонија овој пат мора да биде повеќе од убедена дека секој што бара албански и муслимански гласови, мора да докаже силно дека има начин во својата програма да ги избегне хиените што се настрвиле на ИВЗ и дека нема да добијат ниту еден глас сите оние кои што ги провоцираат овие хиени да ја распарчат до уништување Исламската верска заедница во РСМ.