Прекршувања и масакр на Уставот на ИВЗ во РСМ

Во сандачето на официјалната страница на Советот за заштита на Уставноста на ИВЗ, пристигнаа стотици писма и барања во кои е изразен интерес за објаснување на сите уставни прекршувања сторени од Шаќир Фетаи, по повод развојот на сопствената авантура во рамките на партиско-политичкото сценарио насочено кон деградирање на ИВЗ. Ако Уставот се прекршува само еднаш – кој гарантира дека овој гест нема да се повтори и нема да стане практика на ИВЗ! Некој, се обврза никогаш да нема стабилна ИВЗ со своето повеќевековно искуство. Отсега натаму ја имаме „ИВЗ“ на Шаќир Фетаи и неговите хончо-пончоа.


2020 година во историјата на Исламската верска заедница на РСМ ќе остане запамтена за најлоша година. Уставот на оваа институција беше суспендиран, демолиран, делегитимиран, дефакторизиран, деинституционализиран и обезличен од антиисламските фактори! Настаните што ја придружуваа во текот на целата измината година се меѓу оние грешни настани за кои вреди да се има правда, морални и исламски казни. Оние кои со своите постапки се согласија да го прекршат Уставот на ИВЗ, кој го регулира исламскиот религиозен живот, не можат да бидат прифатени како достојни муслимани. Не остана лошотија што не се примени над оваа институција. Судството, како и релевантните државни органи кои се надлежни да ја следат уставната работа на секоја институција на уставно ниво, кои своите устави ги имаат депонирани во Основниот суд, воопшто не реагираа, но, останувајќи слепи и неми, дозволија ИВЗ да биде девалвирана во колиба на бунтовници кои преживуваат само со прекршување на нормативни акти и преку уништување на Институцијата.

Уште од авантурата на одредени сегменти на власт во соработка со неколку марионети во рамките на ИВЗ, до нелегитимните избори кога беше избран контроверзен „реис“, делегитимиран, деградиран, оспоруван, затоа што беше фалсификуван, и се до денес се сторени стотици прекршувања на Уставот на ИВЗ. Во оваа длабинска анализа се фокусиравме само на оние прекршувања што се сторени од моментот на разрешување на поранешниот Реисул Улема до изборот на сегашниот Реис, што е повеќе политичко-партиско наметнување отколку легитимен претставник на органите и, воопшто, на муслиманите во земјата. Ова е индексот на сите прекршувања на „теолозите“ анархистите направени врз Уставот на ИВЗ!


I - Прекршување на автономијата на ИВЗ, отстапување од единствената цел

Исламската верска заедница е единствената организација која го организира верскиот живот на муслиманите во РСМ. „ИВЗ продолжува да дејствува како самостојна верска заедница во Република Македонија, а тоа го докажува со донесувањето на Уставот на ИЗ во 1994 год.“ (1) „Исламската верска заедница својата дејност ја потпира врз Куранот и Суннетот како и врз овој Устав и другите нормативни акти кои произлегуваат од него, согласно Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група.“ (2)

Врз основа на изјавите на некои функционери на ИВЗ, јавните изјави на поранешниот поглавар на ИВЗ, како и јавните изјави на првиот човек на ДУИ, стануваат јасни интервенциите на политиката и моќта во одлуките на ИВЗ. Со овие интервенции беше нарушена автономијата и независноста на единствената Исламската верска институција во земјата.

Во член 1 од Уставот на ИВЗ се вели: „Исламската верска заедница е самостојна и независна во организирањето на верскиот живот, верското воспитание и образование, вакафот, административно-финансиската дејност како и други свои активности кои произлегуваат од овој Устав.“

Интервенцијата на надворешен фактор што нема ништо заедничко со целите на ИВЗ, предизвикува оваа институција следствено да отстапи од суштинските начела, но исто така и од целите утврдени во Уставот.

Во членот 6 се вели: „Целта на Исламската верска заедница е чување и подигање на верската свест, организирање на ибадетите како и другите форми со кои се изразуваат чувствата и доживувањето на Исламот кај муслиманите.“

Отстапувањето од целите доведува до злоупотреба на капацитетите на Институцијата, како и трошење на материјалните средства на ИВЗ за други цели.

Во член 13 се вели: „Имотот на исламската верска заедница е исклучиво за реализација на нејзините цели.“

Интервенциите на факторите надвор од ИВЗ при донесување одлуки во ИВЗ, се совпаднаа со времето кога ИВЗ чекаше остварување на своите законски права, во времето кога му беа ветени одредени точки во корист на развојот на институцијата. Огромното мнозинство на точките се однесуваа на враќање на нејзините имоти преку денационализација. Со надворешни интервенции, ИВЗ страдаше во организациска смисла. ИВЗ остана без некои органи, додека се зароби од диви органи за ИВЗ. Уставните прекршувања сериозно ја оштетуваат институцијата, влијаат на губење на авторитетот, губење на доверба во верниците, уништување на единството итн. Прекршувањата секогаш се прават во корист на одредена група, поточно група чија цел не е вистината. Во спротивно, тие немаат причина да го прекршат член 8 од Уставот, кој е строго заснован на исламските начела: „Исламската верска заедница својата дејност ја потпира врз следниве принципи: - праведност, -транспаретност, -дебати пред донесување на одлуки на колективните органи, -консултации при извршување на работите, -слободни избори, реизбори, одговорност, отказ на функционери и отповикување на органи.“

Во текот на 2020 година, овој член како воопшто да не постоеше. Имаше избрзани, погрешни, неуставни одлуки, тајни состаноци, насочени одлуки.

Член 9(3), кој, меѓу другото, ни кажува за правата и обврските на членовите на ИВЗ, има многу важни точки за развој на организацијата на ИВЗ, како што се: „- активно учество во организацијата на верскиот живот , -да го користи имотот на исламската верска заедница во согласност со нормативните акти и шеријатските прописи, -да се информира за работата на телата и институциите на исламската верска заедница, -да се придржува кон Уставот, нормативните акти и одлуките на органите на исламската верска заедница, - да го дадат својот општ материјален придонес и одредени придонеси за одржување и развој на исламската верска заедница, - да го бранат и заштитат имотот на Исламската верска заедница, - да ги заштитат вредноста, интересот, единството и авторитетот на Исламската верска заедница.“

Сепак, органите на ИВЗ кои ги кршат исламските начела, Уставот и другите нормативни акти, го попречуваат активното учество на верниците и со тоа го губат правото да бараат од нив да ја почитуваат истата и да даваат придонес кон Институцијата.


II - Прекршувања на Уставот по повод разрешувањето на Реисул Улема

По повод разрешувањето на Реисул Улема - Орган на ИВЗ, скратениот и фалсификуван Ријасет се собра во Гостивар. Овој вид Ријасет ниту беше свикан ниту предводен од Реисул Улема. Никој за ништо претходно не слушнал дека, има опомена кон некого или дека е покренат процес преку Дисциплинската комисија и Обвинителот на ИВЗ! Едноставно, некој собра само неколку членови на Ријасет,(4) на кои им се придружија и други кои немаа право да присуствуваат на состанокот, и го разрешија Реисул Улема. Ненадејната „совесност“, како резултат на влијанието на факторите надвор од ИВЗ, како што беше кажано претходно, предизвика прекршување на Преамбулата и на некои други членови, но сега ќе се фокусираме на членовите поврзани со „состанокот на разрешување”.

Средбата се одржа во Гостивар, а не во Скопје, каде е и седиштето на ИВЗ. Во Член 3 се вели: „Седиштето на исламската верска заедница е во Скопје.“

Недискутирањето пред донесувањето на одлуките, нетранспарентноста… особено во случајот на разрешувањето, е во целосна спротивност со член 8. Ваквата повреда очигледно потврдува дека во конкретниот случај се работи за интервенција надвор од ИВЗ. Член 35 од Уставот јасно дефинира од кого се состои Ријасетот на ИВЗ: „Ријасетот на Исламската верска заедница го сочинуваат Реисул-Улема, Генерален Секретар, муфтиите, директорите и деканите на образованите институции на ИВЗ, претседателите на здруженијата на ИВЗ и двајца членови одредени од страна на Реисул-Улема, со искуство во организација на верскиот живот во редовите на ИВЗ.“

На состанокот на фалсификуваниот и нелегитимен Ријасет што се одржа во Гостивар, во „одлуката“ за разрешување на Реисул Улема, нивните потписи ги ставија координатори, директори на сектори, претседатели на здруженија без мандати, дури и такви кои немаа никакви особини!

Дури и ако составот на Ријасетот е во согласност со член 35, ниту муфтиите, ниту директорите или деканите на образовните институции не се органи, како што не се органи ниту претседателите на здруженијата на ИВЗ, следствено, тие во Ријасет мора да ги застапуваат позициите на органите, институциите и здруженијата што ги претставуваат и да не одлучуваат според странски диктати за ИВЗ.(5)  Ваквото однесување на членовите на Ријасетот е спротивно на Член 8, 9 и влијае на намалување на тежината на органите, институциите и здруженијата. Неконсултацијата, неинволвираноста влијае на реализацијата на целите на ИВЗ наведени во Член 6 (6) и 7(7)  и негативно влијае на приходите на ИВЗ наведени во Член 11.(8)

Седница на Ријасетот може да  закажува и да води Реисул Улема, како што е наведено во последната точка од Член 37: „- седницата на Ријасетот ја закажува и ја раководи Реисул-улема, во други случаи ја закажува по барањето на една третина на членовите на Ријасетот.“ Како и став 5 од Член 44: „-ги закажува и раководи со седниците на Ријасетот и се грижи за извршување на неговите одлуки.“ Додека пак, во врска со состанокот во Гостивар, никогаш не стана јасно кој ја закажа седницата на Ријасетот! Полиција, партија или власта!

„Одлуката“ за разрешување на Реисул Улема се основа на „записникот од состанокот“ кој во суштина не беше состанок на Ријасетот, потоа тие се повикаа на Член 36(9) кој нема никаква врска со разрешувањето! Само од состанок подготвен од структури кои не се поучени од организацијата на ИВЗ, може да се појават многу непромислени грешки. Покрај овој член, пучистите во својата „одлука“ се повикуваат и на Член 58 од Уставот, во кој се вели: „Избраните, именуваните и вработените во ИВЗ, почнувајќи од Реисул-Улема и до муензинот, може да се суспендира или да биде разрешен, ако од страна на органите на ИВЗ се констатира дека : - не ги извршуват обврските за кои се избрани или именувани. -ставот и неговата работа е во спротивставноста на исламските норми и нормативните акти на ИВЗ, -работи против прописите и одлуките на органите на надлежните на ИВЗ, -ја злоупотребува позицијата во штета на интересите на ИВЗ, -неспособноста за извршувањето на својата работа, болеста, возраст, смртта или доброволно повлекување, -во случај на затворна казна од шест месеци, -дисциплинската и материјалната одговорност се одредува со посебен правилник. Конечната одлука за суспендирање или за разрешување ја донесува Ријасетот на ИВЗ.“

Јасно е дека за да се повика на овој Член, прелиминарните постапки требаше да бидат исцрпени однапред. Сегашните водачи на ИВЗ признаваат дека, сè уште немаат наоди за можни прекршоци што влијаеле на разрешувањето на поранешниот Реисул Улема. Дисциплинската комисија, но и обвинителот на ИВЗ не се состанаа и не се занимаваа со проценка на работата на Реисул Улема. Ријасетот не рече ништо за дисциплинската и материјалната одговорност која се утврдува со посебен правилник! Несомнено е дека недостатокот на факти, но и недостатокот на храброст направија на овој состанок на фалсификуваниот Ријасет, по сите сериозни прекршувања што беа сторени, да се изврши следната повреда: на разрешениот да му се одземе правото да одговори на можни обвиненија или да се жали на „одлуката“! Во Член 62 се вели: „Реисул-Улема одговара пред Ријасетот на ИВЗ.“ На крајот на краиштата, донесените одлуки во Ријасет мора да ги декретира Реисул Улема. Во Член 44, во последниот став се вели: „- ги декретира одлуките на Ријасетот на ИВЗ.“ Одлуката донесена на состанокот на фалсификуваниот Ријасет не беше декретирана, значи, таа одлука не беше ништо повеќе од пуч реализиран со сценарио подготвено надвор од ИВЗ, а извршено од внатрешни актери.


III - Прекршувања на Уставот по повод „одредување“ в. д. Реисул Улема

По повод „одредувањето“ на вршителот на должноста Реисул Улема, беа прекршени некои од членовите споменати во случајот на разрешувањето на Реисул Улема, како и некои други членови.

Уставот на ИВЗ за функцијата водач го признава само зборот „избор“. За други позиции тој исто така ги препознава зборовите „именување“ и „вработување“, додека зборот „одредува“ го препознава само за ексклузивно право на Реисул Улема (Член 35) кој зборува за своето право да назначи двајца членови на Ријасет со искуство во организирање на верскиот живот во редовите на ИВЗ! Меѓутоа, кога се работи за состанок свикан од фактори надвор од ИВЗ, истите одредуваат кој треба да биде одреден за в.д Реисул Улема. Овој вид Ријасет собран во Гостивар „создаде“ противуставен орган. Во Член 23 се вели: „Исламската верска заедница има свои органи и институции“, Член 24: “Органите на Исламската верска заедница се:-Муфтиство, -Ријасет,  -Реисул-Улема и -Собрание.“  Додека член 39 вели: „Реисул-Улема е орган на Исламска верска заедница. Реисул-улема е духовен водач - Поглавар на Исламската верска заедница, кој го претставува верското единство на припадниците на Исламот, во земјата и странство.“

Со „одредувањето“ на в.д. Реисул Улема, како орган на ИВЗ, ќе следат ред други прекршувања. Фактот дека некој прифаќа противуставна позиција, јасно навестува дека истиот не би одговарал ниту би се грижел за понатамошно прекршување на Уставот.

В.Д. Реисул Улема, како непознат орган за Уставот, започнува да се занимава со работите со кои Уставот го обврзува Реисул Улема, поточно со Член 44,(10)  додека Уставот на ИВЗ е многу дециден! Во Член 56 се вели: „Верските, верско-образовните, административно-финансиските работи во ИВЗ ги вршат избрани, именувани и вработени лица.“ Значи, правото на одредени работни задачи им припаѓа на оние кои се избрани, именувани или вработени, но не и некој „ОДРЕДЕН“! Однесувањето на в.д. Реисул Улема, околу шест месеци ни сведочеше дека тој се занимавал со противуставни активности од корист за него и неговите ментори, а на штета на ИВЗ.


IV - Прекршувања на Уставот по повод оставката на Реисул Улема

По состанокот на нелегитимниот Ријасет одржан далеку од седиштето на ИВЗ, со кој на ИВЗ и нејзиниот водач им се изврши класичен пуч, верските службеници на ИВЗ, верниците и пошироката јавност чекаа реакција од поранешниот Реисул Улема. Се очекуваше дека врз основа на Член 44, кој, меѓу другото, му овозможува повлекување на мураселите на Девијантните муфтии, попречување на реализацијата на одлуките наведени во став 12 од истиот член: „-има право да ја суспендира секоја одлука на органите и институциите на ИВЗ ако констатира дека истата е во спортивност со закон и исламските принципи и истите да ги враќа на повторно разгледување, а конечната одлука за тоа ја донесува Ријасетот на ИВЗ.“

Покрај ова, Член 40(11)  му овозможи да свика состаноци со сите органи, институции, организации и здруженија на ИВЗ, преку кои ќе придонесе за враќање на Институцијата во уставните шини. За жал, два дена подоцна, Реисул Улема ќе понуди оставка, за што подоцна ќе се прогласи дека е резултат на интервенција на политички субјект, во кој случај, по втор пат во рок од два дена, се гази врз автономијата на ИВЗ!(12) 

Треба да се напомене дека дури и со случајот на оваа оставка, Ријасетот не остана без кршење на Уставот на ИВЗ. Во Член 64 се вели: „Секој функционер на ИВЗ има право да даде оставка, за која одлучува Ријасетот на ИВЗ.“  Ријасетот не се собра да одлучи!


V – Прекршување на уставот по повод именувањето на Муфтиите и на еден в. д. Муфтија

Во пресрет на изборите за Реисул Улема, се одржа состанок на Ријасетот на кој беа назначени четворица координатори на позиција муфтии. Тројца од нив беа учесници и на состанокот одржан во Гостивар каде гласаа за разрешување на Реис и за „одредување“ на в.д Реис. Јасно дека , Член 35, кој се однесува на составот на Ријасетот, не ги вклучува координаторите на муфтиствата! Фактот дека Ријасетот во пресрет на изборите без процедури предвидени со Уставот именува Муфтии, подразбира дека, в.д. Реисул Улема веќе имаше потреба за гласовите на муфтиите, а не на координаторите!

Што вели Уставот за именувањето на Муфтиите? Во Член 30 се вели: „Со Муфтиството раководи Муфтијата. Главен имам се именува од Реисул-Улема на предлог на Муфтиството. Муфтијата и Главен имам треба да бидат со исламско високо образование и со работно искуство најмалце пет години во редовите на ИВЗ. Во муфтиствата каде нема кадар според превидените услови, се именува координатор.“

Додека Член 31 вели:„Муфтиството, кандидира можни кандидати за муфтија, Ријасет на ИВЗ го врши именувањето, а Реисул-Улема го верифицира именувањето и им издава Мураселе. Неиздавање и повлекувањето на Мураселе, го обврзува Муфтиството во рок од триесет дена да предлага можни кандидати за муфтија. Муфтијата одговара само пред Реисул-Улема на ИВЗ. Муфтијата е највисока верска личност на територијата на Муфтиството  и го претставува на  таа територија...“

Јасно е дека Муфтиство се раководи од Муфтија или од координатор доколку Муфтиството не ги исполнува предвидените условите да биде предводена од Муфтија. Но, зачудувачки, во целосна спротивност со Член 30 и 31, на чело на Муфтиството во Гостивар беше именуван в.д. Муфтија! Во оваа прилика имаме неколку сериозни прекршувања! Уставот на ИВЗ не познава позиција на в.д. Муфтија, тој не може да раководи со муфтиство. Ако Ријасетот на ИВЗ констатираше дека Гостиварското муфтиство не ги исполнува условите предвидени за Муфтија, тие требало да именуват координатор, а не в.д. Муфтија. Имајќи предвид дека Ријасетот не кажа дека тоа Муфтиство не ги исполнува условите, Гостиварското муфтиство требаше да ги предложи можните кандидати за Муфтија, а Ријасетот требаше да именува еден од кандидатите за Муфтија! Ријасетот на ИВЗ не беше информиран за таквата одлука, ниту стана јасно што им било предложено од Гостиварското муфтство. Врз основа на нашите средби со фактори внатре ИВЗ, такво прекршување на Уставот се прави со цел да се подготви теренот позицијата Муфтија  да го добие в.д  муфтијата,  всушност е направено противуставното именување за да не се појави поголемо незадоволство во Гостивар. Овој гест на оспорениот „реис“ се нарекува заложба за „конзервирана титула“!

Член 31 појаснува дека за функцијата Муфтија одлучуваат три органи на ИВЗ: Муфтиството, Ријасетот и Реисул Улема. Муфтиството предлага, Ријасетот именува, Реисул Улема верификува. При именувањето на тројцата муфтии се утврди дека немало предлози од Муфтиствата (Битола, Дебар и Штип), затоа тука прво прекршители се муфтиствата, потоа Ријасетот кој им го наметнува водачот на муфтиствата! Бидејќи истиот Член вели: „Муфтијата е највисока верска личност на територијата на Муфтиството  и го претставува на таа територија.“ Се прави двојно прекршување во случајот со Кичевското муфтиство, кое, за разлика од другите, имаше свои предлози за функцијата Муфтија, но Ријасетот ги игнорираше и на функцијата Муфтија го именува предлогот што доаѓа од субјект надвор од ИВЗ, дури и во спротивност со Член 30, кој, меѓу другото, зборува за критериумите: „Муфтијата и Главен имам треба да бидат со исламско високо образование и со работно искуство најмалце пет години во редовите на ИВЗ.“ Значи, Уставот налага не само Муфтијата, туку и главниот имам да има најмалку пет години работно искуство во редовите на ИВЗ, а лицето именувано на чело на Муфтиството во Кичево, не го исполнуваше овој критериум. Со ваквите одлуки, нелегитимниот Ријасет, покрај прекршувањето на член 30 и 31, како орган надлежен за организација на верскиот живот што мора да се грижи за дејноста на другите органи на ИВЗ, во овој случај прекршил и некои други членови, особено Член 36(13)  став 1 и 4 и Член 37(14)  став 7 и 9.

Од друга страна, дури и в.д. Реисул Улема, поставувајќи се во улога на Реисул Улема, кој според Уставот ги верификува именувањата и дава мураселе, како и со правото да спречи извршување на одлуките доколку се спротивни на законот…, тој се согласува со сите прекршувања –кои изгледа дека биле диктирани, тој напротив ги декретира сите! Тука, меѓу другото, се прекршува Член 44, став 2, 12 и 13.

Исто така се прекршува и Член 65, кој вели: : „Избраните функционери, свечената заклетва ја даваат пред Реисул-Улема, додека Реисул-Улема свечената заклетва ја дава јавно.“

Се случи именуваните да дадат заклетва пред в.д. Реисул Улема! Тие дадоа заклетва пред непостоечки орган а тој самиот не дал никаква свечена заклетва!


VI - Прекршување на Уставот по повод именувањето на раководители на сектори и здруженија

Откога ИВЗ започна да се раководи од непостоечки орган - в.д. Реисул Улема, позициите во ИВЗ се подарени според каприците и диктатите, иако органите, институциите и здруженијата имаат свои правилници или статути.

Конкретниот случај е со Хуманитарното здружение „ХИЛАЛ“, кое од 2017 година фукционира надвор од мандатот. Доколку „ХИЛАЛ“ го почитуваше својот статут, ќе мораше да одржи свои избори и да избере свое претседателство. Сепак, „Претседателот“, иако без мандат, беше учесник на состанокот за разрешување на Реисул Улема, и одредување на в.д. Реисул Улема! Наместо да преземе соодветни мерки против него, в.д. Реисул Улема го наградува со нова позиција. Го именува за директор на секторот за односи со странсво, „сектор“ кој не фигурира во систематизацијата на ИВЗ. Член 56, меѓу другото, вели: „Избраните и вработените лица во ИВЗ се еднакви со сите права и обврски…Избраните и вработените лица во ИВЗ по единствен финансиски систем се третираат еднакво со сите права и обврски според правилник за систематизација.“  Практично се докажа дека нема еднаквост, некој е санкциониран за било какво прекршување или без да се констстира прекршување, додека некој се наградува дури и кога ќе изврши најтешки прекршувања, тој дури е награден и со работно место создадено спротивно на систематизацијата!

Од друга страна, иако Член 54 од Уставот вели дека: „Работата и дејностата на институциите на ИВЗ се одредува со статут или правилник за нивната работа.“ Ријасетот, или в.д. Реисул Улема си дава себеси за право да именува претседател на Здружението ХИЛАЛ,(15) а претседателот, односно претседателството на Здружението, според Статутот на Здружението, го избира нејзиното Собрание!

Другите прекршувања се поврзани со лицето избрано на чело на Здружението и потребата тој да биде награден со оваа позиција и да го биде именуван за член на Ријасетот. Станува збор за лице кое на 6.12.2017 година е избрано за претседател на Собранието на ИВЗ, а последниот состанок со Собранието го одржа на 28.06.2018 година. Ова зборува за сериозни прекршувања. Благодарение на неговото невнимание, Собранието на ИВЗ никогаш повеќе не се состана! Од нашите средби со фактори во внатрешноста на ИВЗ, дознаваме дека до крајот на 2019 година, тој понудил оставка од функцијата прв човек на Собранието на ИВЗ, бидејќи се очекуваше да биде назначен на позицијата заменик директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи - Самостоен орган на државна управа. Станува збор за личност кој, без да биде член на Ријасетот, стана дел од состанокот на Ријасетот и се потпиша во документот за разрешување! Јасно е дека Ријасетот реши да го награди за неговата улога во суспензијата на Собранието на ИВЗ и за учеството на состанокот на Ријасетот, без никогаш да биде член на Ријасет!


VII - Прекршување на Уставот како резултат на суспензија на Собранието на ИВЗ

Уставот на ИВЗ наведува дека ИВЗ има свои органи и институции.(16) Во член 24 се вели: „Органите на Исламската верска заедница се: -Муфтиство,  -Ријасет,  -Реисул-Улема и  -Собрание.“

Практично е докажано дека 2020 година беше поразителна година за органите на ИВЗ.  

ИВЗ остана без Реисул Улема, со противуставен Ријасет,(17) неорганизирани Муфтиства(18)  и со  суспендирано Собрание.

Дека на ИВЗ не и остана дури ни сенката на институцијата предвидена со Уставот, доволно е да изнесеме тука некои од Членовите кои зборуваат за Собранието на ИВЗ:

Член 45: „Собранието на Исламската верска заедница е највисок правен-финансиски орган.“  

Член 49: „Собранието на Исламската верска заедница : -на заедничката седница со Ријасетот на ИВЗ усвојува Устав на Исламската верска заедница, како и неговите промени и дополнувања, -усвојува годишен извештај и план-програма за работата на Ријасетот, -усвојува финансиски план и завршна сметка на Ријасетот на Исламската верска заедница, -верифицира усвојување на финансиски планови и завршни сметки на Муфтиствата на ИВЗ, -усвојува правилник за својата работа и други нормативни акти на ИВЗ.“ 

Член 50: „Собранието на Исламската верска заедница работи на седници. Седниците на Собранието на Исламската верска заедница се одржуваат најмалку еднаш во годината. На својата конститувна седница Собранието избира претседател и потпретседател на Собранието. Со седниците на Собранието на Исламската верска заедница раководи претседателот на Собранието на Исламската верска заедница. Претседателот на Собранието е должн да ја закаже седницата на Собранието на Исламската верска заедница, по барање на Реисул-Улема, на Ријасетот на Исламската верска заедница, или по барање на една третина на членовите на Собранието на ИВЗ.“

Значи, Собранието како правно-финансиски орган пред кој Ријасетот ја одобрува годишната нацрт програма и извештајот за работа на Ријасетот, го одобрува финансискиот план и завршната сметка на Ријасет, итн., се суспендира, т.е. работата на институцијата ИВЗ со сите органи, институции и здруженијата се одвиваат надвор од правно-финансиските шини. Ова зборува за повеќекратни прекршувања на сите членови кои се однесуваат на дејноста на ИВЗ во целина! Сепак, ќе се обидеме да изнесеме некои од прекршените членови - од другите органи на ИВЗ, како резултат на суспендирањето на Собранието на ИВЗ.


-Муфтиство

Член 32, кој зборува за Муфтиството, меѓу другото вели: „- ги извршува одлуките на Ријасетот и на највисоките органи на ИВЗ- на Ријасетот му предлага буџет и завршна сметка на муфтиството,- - дава годишен извештај и програма за својата работа пред Ријасетот на ИВЗ.“ Муфтиството, како основен орган на Исламската верска заедница,(19)  треба да ги спроведе одлуките на Ријасетот и на највисоките органи, односно на Собранието на ИВЗ, бидејќи Муфтиството му ги предлага буџетот и завршната сметка на Ријасетот, а Собранието е тој орган кој го потврдува неговото усвојување.(20)  Следствено, сите Муфтиства на ИВЗ ги извршуваат своите активности во спротивност со Уставот и Законот на ИВЗ.


-Ријасет

Последната точка на член 36, која зборува за полето на дејствување на Ријасетот, вели: „- правно-административна и финансиско-економска работа.“ Додека Член 37 став 7, 9 и 16 се вели: „- се грижи за општиот верски живот и за дејноста на Исламската верска заедница врз основа на Шеријатските принципи, а во согласност со правниот систем на Исламската верска заедница,- ја надгледува работата на органите, здруженијата  и институциите на Исламската верска заедница, - му предлага на Собранието годишнен финансиски план и завршна сметка за усвојување.“ 

Во текот на 2020 година, Ријасетот докажа дека не се грижи за дејноста на ИВЗ врз начелата на Шеријатот и правниот систем на ИВЗ, не ја надгледуваше работата на органите ниту има усвоен финансиски план.

Член 38, меѓу другото, вели: „Ријасетот има свои професионални служби.“, Создадената ситуација нè убедува дека професионалните служби на Ријасетот не само што се непрофесионални, туку се и деструктивни.


-Реисул Улема

Во текот на 2020 година, ИВЗ имаше Реисул Улема, а потоа за неколку месеци в.д. Реисул Улема кој се занимаваше со работите на Реисул Улема и, на крај, оспорен противуставен Реисул Улема за кого ќе зборуваме во следниот поднаслов.

Врз основа на Член 40, „Реисул-Улема по потреба, може да свика седница на сите органи, институции, организации и здруженија на Исламската верска заедница“, затоа во никој случај не смеело да се дозволи 2020 година да помине без ниту еден  одржан состанок на Собранието, односно, без усвојување на буџетот на Ријасетот, без верификација на усвојувањето на буџетите на Муфтиствата итн.


VIII - Прекршување на Уставот по повод изборот на Реис ул Улема

Прекршувањата на Уставот на ИВЗ, дури и во случај на избор на Реисул Улема, во никој случај не беа изненадувачки. Врз основа на изјавите на в.д. Реисул Улема во пресрет на изборите, се создаде впечаток дека ќе му треба повеќе време до изборите. Сепак, средбата со вицепремиерот на РСМ беше доволна сè да се одвива забрзано. Ријасетот, со противуставен состав, одржува состанок на 11.11.2020 година и се постигнува договор за уставни повреди во врска со составувањето на нова листа на составот на Ријасетот, односно гласачкото тело. Од состанокот излегоа со формирањето на Изборната комисија и беше речено дека се прави Правилникот за избор на Реисул Улема. Додека на 18.11.2020 година изборите се одржаа!

Во овој случај, имаме драстично преккршување на Уставот на ИВЗ, членови кои беа прекршени дури и за време на „разрешувањето“ на Реисул Улема и „одредувањето“ на в.д. Реисул улема, како и други членови. Тргнуваме од прекршоците направени по повод составувањето на составот на Ријасетот, всушност, на гласачкото тело! Од самиот почеток, овој пристап е погрешен. Составот на Ријасетот на ИВЗ е во Член 35: „Ријасетот на Исламската верска заедница го сочинуваат Реисул-Улема, Генерален Секретар, муфтиите, директорите и деканите на образованите институции на ИВЗ, претседателите на здруженијата на ИВЗ и двајца членови одредени од страна на Реисул-Улема, со искуство во организација на верскиот живот во редовите на ИВЗ.“

Овде нема место за пазарење. Членови на Ријасетот се сите вклучени во овој Член. Мандатите на членовите на Ријасетот се поврзани со функциите што ги вршат, со исклучок на генералниот секретар и двајца членови назначени од Реисул Улема, чие членство е поврзано со Реисул Улема. За да биде што е можно појасно, тука го изнесуваме Член 40 од Уставот на ИВЗ од 1994 година, кој зборува за составот на Меџлис Шура (сега овој орган се нарекува Ријасет): „Меџлиси Шура го сочинуват: -муфтиите, -директорите на воспитно-образовните установи, -деканите на факултетите за исламски науки, -претседателот на Здружението на Улемите на Република Македонија, -директорите на главните сектори во рамките на Меџлиси Шура, -пет луѓе од различни профили од јавниот живот, кои се именуват од претседателот на Исламската Заедница. Мандатот од членовите на овој Меџлис е врзан со функцијата што ја вршат, додека мандатот на петте членови од јавниот живот кој ги именува претседателот, трае колку е мандатот на претседателот на Исламската Заедница.“

Ако сега ги споредиме овој Член и Член 35 од сегашниот Устав, јасно е дека Ријасетот извршил големи прекршувања при составувањето на тој список. Нема орган што може да се стави над Уставот. Во Уставот од 1994 година, директорите на секторите се дел од органот, додека со сегашниот Устав тие не се. Всушност, нема директори, управи, туку само стручни служби. Во Член 38 се вели: „Ријасетот има свои професионални служби.“ Ријасетот на ИВЗ, како што наведува Член 35, се состои од избрани личности, т.е. избраните избираат свој претседател, а не како противуставниот „Ријасет“ кој ја составил листата згазејќи врз начелото на овој Член, направија таму да бидат опфатени и многу вработени!

Изборната комисија формирана од Ријасетот, која дејствува во противуставна форма, во рок од неколку дена неколку пати се изјасни за јавноста спротивно на Уставот! Пример е изјавата на еден од членовите на комисијата: „Верувам дека датумот на изборите треба да го одреди комисијата денес. Правилникот е усвоен и предвидува постапка за тоа како ќе треба да се одржат изборите, како ќе бидат претставени кандидатите, кој ги исполнува условите и сл. Верувам дека наскоро ќе бидат објавени во јавноста. Гласањето ќе се изврши демократски, Уставот на ИВЗ ги признава обете варијанти, и со тајно и со отворено гласање. Изборот на Реисул Улема се врши во согласност со Правилникот за избор на Реисул Улема. Овој правилник се подготвува од Изборната комисија и се менува во секој изборен циклус.“(21)

Оваа противуставна изјава нè убедува дека предметната комисија била само формалност. Не е точно дека Правилникот за избор на Реисул Улема се изготвува од Изборната комисија. Изборната комисија не е тело или орган што донесува нормативни акти на ИВЗ. Не е точно дека Правилникот се менува во секој изборен циклус. Во Член 70 се вели: „Со усвојување на Уставот во рок од една година, сите нормативни акти треба да се усогласат со овој Устав.“ Ако постоеше правилник усогласен со Уставот и усвоен од Собранието, тогаш зошто е потребен нов правилник! Доколку на ИВЗ му недостасуваше правилник за избор на Реис ул улема, требаше да активира една од своите постојани комисии(22) или, согласно Член 37 став 5, да формира Комисија за изготвување на правилник. Ријасетот тогаш требаше да го предложи на усвојување до Собранието на ИВЗ. Последната точка на Член 49 што зборува за Собранието вели: 

„-усвојува правилник за својата работа и други нормативни акти на ИВЗ.“ Ниту еден нормативен акт не може да стапи во сила без одобрение од Собранието на ИВЗ. Значи, изборите се одржаа во спротивност со Член 42 кој вели: „Изборот на Реисул-Улема на ИВЗ се извршува согласно Правилникот за избор на Ресиул-Улема.“


P.S.

Според оваа анализа, јасно е дека, од политичките интервенции за разрешување на поранешниот Реисул улема до наметнување на нов „Реис“, но и „именувањето на нови муфтии“ и одредувањето на неколку „директори и претседатели“, од вкупно 71 член, колку што брои актуелниот Устав на ИВЗ, беа прекршени следниве членови: 1, 3, 6, 7, 8, 9, 11, 13, 23, 24, 29, 30, 31, 32, 33, 35, 36, 37 , 38, 39, 40, 42, 44, 45, 49, 50, 54, 56, 58, 62, 64, 65, 70.

Треба да се напомене дека Член 69 од Уставот на ИВЗ вели: „Автентични толкувања и интерпретации на одредбите на овој Устав дава Ријасетот на ИВЗ.“

Советот за заштита на уставноста на ИВЗ заклучи дека сегашниот „Ријасет“, со својот противуставен состав, не е компетентен ниту стручен за да даде автентично толкување на Уставот затоа и ја подготви оваа длабинска анализа која се однесува на сите уставни прекршувања на сегашниот „реис“ кој, несомнено, е наметнат од субјект надвор од ИВЗ, субјект што својата активност ја темели на политичките случувања. Несомнено, сите оние кои дозволија владините политики да се мешаат во ИВЗ, да одлучуваат и да диктираат политики, како и сите оние кои дозволија и извршија уставни прекршоци, еден ден ќе бидат изведени пред правдата. Нам, како Совет формиран на иницијатива на значителен број теолози во земјата, ни останува да поднесеме тужби и да се приклучиме на иницијативите на група граѓани кои ќе покренат судска постапка против прекршителите на Уставот на ИВЗ.

Бидејќи овие прекршители одбиваат јавно да дебатираат и да ги разјаснат сите аномалии што се случија во ИВЗ, бидејќи ова „религиозна парохија“ се плаши од дебати, иако уставна обврска, останува појаснувањата да се извршат испред судството.

ИВЗ треба да се врати на вистинскиот пат. Девијантите мора да бидат отстранети и казнети. На крајот на краиштата, ова е истовремено исламска обврска и должност.


Совет за заштита на Уставноста на ИВЗ во РСМ

Шабан Азири, координатор

Есет Шаќири, заменик координатор

Мирди Брао, заменик координатор


- - - - -  - -

[1]Извадок од Преамбулата на Уставот на ИВЗ.

[2]Извадок од Член 1.

[3]Сите членови на Исламската верска заедница се еднакви и рамноправни, со овој Устав, без разлика на нивната национална припадност, раса и пол, со сите права и општи обврски од работа во редовите на Исламската верска заедница. Правата на членовите на Исламската верска заедница се: -претставување и практицирање на Исламот во личниот, семејниот и општествениот живот, -регулирање на семејниот живот како и образование и воспитание во духот на исламското учење, -активно учествување во организирање на весркиот живот, -користење на услугите на органите и институциите на Исламската верска заедница, -да се служат со сопственоста на Исламската верска заедница во согласност со нормативните акти и шеријатските прописи, -да предлагаат што по добро култивирање на верскиот живот, -да се информираат за работата на органите и институциите на Исламската верска заедница, -за заштита на своите права, да им се обратаат на органите на Исламската верска заедница, -верските празници да ги празнуваат според шеријатските прописи и исламските прописи. Обврските на членовите на Исламската верска заедница се: -да се придржуваат кон правилата, законите и исламските традиции во секојдневниот живот, -да се придржуваат на Уставот, нормативните акти и одлуките на органите на Исламската верска заедница, -да го даваат свој општ материјален придонес и одредените придонеси за одржување и развој на Исламската верска заедница, -да плаѓаат редовна членарина, -да го бранат и штитат имотот и сопственоста на Исламската верска заедница, -да ги штитат вредноста, интересот, единството и авторитетот на Исламската верска заедница.

[4]Додека некои членови на Ријасетот дури не беа поканети. Од медиумите дознале дека Ријасетот имал состанок!

[5]Не случајно, изготвувачите на Уставот не предвидоа раководителите на овие органи, институции и здруженија да не бидат органи. Оние назначени од Ријасетот и овластени од Реисул Улема можат да ги водат работите на органите. Едно лице има можност да направи грешки, од различни причини, но не и целото муфтиство, институција, здружение.

[6]Целта на Исламската верска заедница е чување и подигање на верската свест, организирање на ибадетите како и другите форми со кои се изразуваат чувствата и доживувањето на Исламот кај муслиманите.

[7]Исламската верска заедница своите цели ги реализира низ: -учење и култивирање на исламските животни вредности, -основање и одржување на џамии, месџиди, текии, мектеби и исламски центри. -основање и одржување на дејноста на едукативно-образовните институции, -основање и одржување на дејноста на научно-културните институции, -основање и одржување на библиотеки, ханикахи, архиви, музеи и разни институции, -основање и одржување на гробишта, -основање и одржување на добротворни институции, -основање на вакафи, одржување и заштита на сопственоста на Исламската верска заедница, -промоција на добрината и борба против злото, -организирање на издавачка дејност, -култивирање и традиционална соработка со сите исламски заедници, институции, асоцијации и други организации во светот, кои култивираат исламски вредности, -соработка со другите верски заедници, невладини организации и државните органи во земјава и -низ секоја верска, културна, научна, здравствена и социо-економска дејност учество со која се воздигнува на муслиманската популација.

[8]Имотот на Исламската верска заедница се стекнува од: -приходи од вакуфите и други имоти подвижни и неподвижни, кои им се подаруваат на органите и институциите на Исламската верска заедница и од приходите што произлегуваат од нив. -зекат, садекатул-фитр и други верски давачки, -редовни приходи  и други доброволни прилози, наменети за Исламската верска заедница, -подароци и тестамнети (васиети) кои се подаруваат во името на Аллах џ.ш., -други фондови и приходи од нив, -приходи од дејноста на организациите и институциите кои се основани од страна на Исламската верска заедница, -приходи од верски и административни услуги и -донации, спонзорства од  владини и невладини организации и асоцијации и од други прилози.

[9]Делокругот на Ријасетот на Исламската верска заедница во земјава и странство е:-организирање на весркиот живот според исламска традиција, -развој на воспитно-образовни, културно-научни и информативни познавања, - изградба и одржување на исламски објекти, - организационата структура и дејност на органите на Исламската верска заедница. - соработка со исламските организации  и институции во светот, - правно-административна и финансиско-економска работа.

[10]Реис-ул-Улема: -ја претставува Исламската верска заедница во земјата и во странство, -издава мурасела (полномошно) за извршување на верските работи без која работата е неважечка,  -именува декани, директори  и наставници по образовните институции на ИВЗ и наставници по предметот на верската поука по јавните училишта. -ја организира и надгледува работата на професионалните служби на ИВЗ, -ги закажува и раководи со седниците на Ријасетот и се грижи за извршување на неговите одлуки, -меѓу две седници на Ријасетот извршува неопходни работи кои се во надлежност на Ријасетот и за ова го информира Ријасетот на наредната седница, -ги потпишува актите на Ријасетот, -ги потпишува актите за вработување во ИВЗ, -доделува награди за посебни постигнувања за подобрување на верскиот живот, -ги посетува подрачјата каде живеат припадниците на исламската вероисповет за непосредно да се запознае со нивната состојба и предлага мерки за развивање на верскиот живот, -ги одобрува одморите и отсуствата на муфтиите, деканите, директорите на медресите, директорите и претседателите на институциите, здруженијата кои се во надлежност на Ријасетот, -има право да ја суспендира секоја одлука на органите и институциите на ИВЗ ако констатира дека истата е во спортивност со закон и исламските принципи и истите да ги враќа на повторно разгледување, а конечната одлука за тоа ја донесува Ријасетот на ИВЗ. -ги декретира одлуките на Собранието на ИВЗ.

[11]Реисул-Улема по потреба, може да свика седница на сите органи, институции, организации и здруженија на Исламската верска заедница.

[12]Слични интервенции во одлуките на ИВЗ од истиот политички субјект се случија неколку пати во текот на 2005 година. Членовите на Собранието на ИВЗ се сведоци за тоа како се собрале и како биле испратени во Струга да изберат заменик Реисул Улема!

[13]Делокругот на Ријасетот на Исламската верска заедница во земјава и странство е: -организирање на весркиот живот според исламска традиција,-развој на воспитно-образовни, културно-научни и информативни познавања, - изградба и одржување на исламски објекти,- организационата структура и дејност на органите на Исламската верска заедница. - соработка со исламските организации  и институции во светот, - правно-административна и финансиско-економска работа.

[14]Ријасетот на Исламската верска заедница:-  предлага, избира и го разрешува Реисул-Улема, - одредува бројот на муфтиствата и извршува именување на муфтиите. - избирачленови на дициплинската комисија и јавниот обвинител на ИВЗ. -  формира привремени и постојани комисии и совети; -  верифицира мандати  и објавува редовни  и вонредни избори. -  се грижи за општиот верски живот и за дејноста на Исламската верска заедница врз основа на Шеријатските принципи, а во согласност со правниот систем на Исламската верска заедница, - организира и го овластува верскиот кадар во дијаспората. - ја надгледува работата на органите, здруженијата  и институциите на Исламската верска заедница, - ги усвојува план-програмите на верско-просветните институции како и програмите и  текстовите за верската поука, - се ангажира за заштита на верските права на муслиманите. -основува заводи и институции, -донесува одлука за основање на вакуф, -  донесува одлука за замена на вакуфскиот имот врз основа на предлогот на соодветниот орган, ако е во согласност со Шеријатските правила. -одлучува по жалбите на пониските органи на ИВЗ. - му предлага на Собранието годишнен финансиски план и завршна сметка за усвојување,  - го организира собирањето на средствата од зекатот, садекатул-фитрот и другите приходи, - е главен и единствен организатор за реализација на хаџџот и умрата, - ги именува, заменува и ги разрешува членовите на Ријасетот. - ги одобрува тарикатските правила, ја надгледува нивната работа и го верифицира изборот и именувањето на Шејховите, -одобрува печањето на исламска литература, -на вонредни услови извршува задачи на други органи.  - Ријасетот на ИВЗ одржува седници најмалку еднаш месечно. - седницата на Ријасетот ја закажува и ја раководи Реисул-улема, во други случаи ја закажува по барањето на една третина на членовите на Ријасетот.

[15]Предложен од политички субјект, дел од владата.

[16]Член 23

[17]Противуставен по состав. Пасивен ријасет кој, меѓу другото, го прекршуваЧлен 37, точката каде што се вели: Ријасетот на ИВЗ одржува седници најмалку еднаш месечно. Годината 2020  замина со само три - четири состаноци на Ријасетота со многу противуставни и смешни активности. Докажано е каков простор им се дава на приеми и честитки на штета на неопходните обврски.

[18]Меѓу другото, повеќето муфтинии го прекршуваатЧлен 29, став 5: : Советот на џематот е широк консултативен форум на Муфтиството. Само две - три Муфтинии кои се собираат понекогаш, повеќето од муфтиниите, меџлисот на џематот го собираат само за време на изборите на колективните органи, односно на секои четири години! Сите Муфтинии на ИВЗ го прекршуватЧлен 33 став 1: Муфтиството најмалку еднаш месечно одржува редовна седница на Муфтиството.„Само некои од Муфтиниите одржуваат состаноци три - пет пати годишно, некои други еден состанок, а  некои Муфтинии немаат одржано ниту еден состанок во текот на 2020 година!

[19]Погледни член 28

[20]Член 49 став 4: -верифицира усвојување на финансиски планови и завршни сметки на Муфтиствата на ИВЗ.

[21]Изјава објавена во многу медиуми во земјата на 12.11.2021 година

[22]Член 38 вели: „Ријасетот има свои професионални служби. Ријасетот формира стални и привремени комисии.